Муртезани: Заедничка визија за европски интегриран регион

September 17, 2025
1 min read

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Прага оствари работна средба со министерот за европски прашања на Чешката Република, Мартин Дворжак.

Во рамките на разговорите беше нагласена блиската и пријателска соработка меѓу двете земји и беше реафирмирана стратешката определба за продлабочување на билатералните односи и за интензивирање на соработката во рамките на европската интеграција. Министерот Дворжак упати признание за континуираниот напредок на Македонија во евроинтегративниот процес, нагласувајќи ја важноста на спроведувањето на реформите како темел на пристапните преговори за членство во Унијата.

Министерот Муртезани изрази благодарност за гласната и конзистентна поддршка на Чешката Република за политиката на проширување, нагласувајќи ја нејзината улога како принципиелен и доверлив партнер во овој стратешки процес. Тој посочи дека европската интеграција останува стратешки приоритет за Македонија, при што преносот на чешкото институционално искуство и експертиза во областа на пристапните преговори и користењето на европските фондови претставува значаен ресурс за унапредување на националните капацитети.

Муртезани и Дворжак оценија дека конзистентното спроведување на реформите не е само предуслов за напредок во пристапните преговори за членство во Унијата, туку и суштински фактор за зајакнување на довербата и кредибилитетот на целокупниот евроинтегративен процес.

На средбата, исто така, беше истакната важноста на развојната и техничката помош, како и досегашната плодна соработка преку IPA Twinning и TAIEX инструментите. Министерот Муртезани нагласи дека постојат значајни можности за продлабочување на оваа соработка во повеќе сектори, вклучително и преку заеднички проекти во рамките на европските територијални програми, како што се Interreg Europe и Euro-Med.

Министерот Дворжак потенцираше дека Чешката Република е подготвена да го сподели своето искуство во областа на европските политики и да го поддржи институционалното јакнење на Северна Македонија преку нови форми на партнерства.

Министрите Дворжак и Муртезани ја поздравија успешната реализација на повеќе значајни проекти поддржани од Амбасадата на Чешката Република во Република Македонија, насочени кон подобрување на условите во образованието, со посебен акцент на децата со посебни потреби, како и кон поттикнување на локалниот развој преку уредување на пешачки и велосипедски патеки и поддршка на младински иницијативи. Воедно беше разгледана и можноста за проширување на билатералната развојна соработка во нови области од заемен интерес, вклучително и преку размена на експертиза и знаења релевантни за европските интеграции.

На крајот од средбата, соговорниците изразија согласност за продолжување на редовниот политички дијалог и унапредување на економската, институционалната и развојната соработка, со заедничка визија за стабилен, просперитетен и европски интегриран регион.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Стопанска банка со промет од над 11 милиони денари ја предводи трговијата

Следно

Прекумерното консумирање протеини може да биде штетно за некои здравствени состојби

Latest from Blog

Мирно е утрово пред Собранието на Србија по синоќешните инциденти, полицијата ноќеска привела 37 луѓе

Мирно и без инциденти беше во текот на ноќта и утрово во центарот на Белград пред српскиот Парламент каде што од синоќа реагираа стотици полицајци во опрема за разбивање демонстрации со обиди

Единствениот преживеан во авионската несреќа на Ер Индија во која загинаа 241 лице: „Не сакам да разговарам со никого“

Единствениот преживеан од падот на авионот на „Ер Индија“ во кој загинаа 241 лице изјави дека се чувствува „најсреќниот човек на светот“, но исто така е во силна физичка и ментална болка.

Денес е преподобен Иларион Велики

Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што

ВРЕДИ: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети

Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е

Фото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година

По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала
Go toTop