Лазаров синдром: Докторите го прогласиле за мртов, се разбудил по 30 минути и ги шокирал сите

September 16, 2025
1 min read

Мажот доживеал два срцева удари и покрај повторените обиди за реанимација, не покажал знаци на живот, па медицинските лица решиле да го прогласат за мртов и да ги повикаат погребалните служби, објавува „Катимерини“.

Нормално комуницира со околината

По половина час, пациентот одеднаш ги отворил очите и ги исплашил докторите, медицинските сестри и роднините. Веднаш прашал каде се неговите деца, по што бил вратен во болница.

Неговата состојба подоцна била опишана како „стабилна“ и нормално комуницирал со околината.

Овој феномен е познат како Лазаров синдром и вклучува враќање на циркулацијата и виталните функции по кардиоциркулаторниот застој, на кој му претходела неуспешна реанимација.

Исклучително редок феномен

Нема објаснување како се јавува, додека некои експерти веруваат дека може да биде предизвикан од собирање воздух во градите за време на обидите за реанимација или од одложен ефект на лековите што се администрираат како дел од медицинската нега.

Првиот случај е регистриран во 1982 година, но од 1993 година е познат како Лазаров синдром.

Досега се регистрирани помеѓу 36 и 65 случаи во светот, што покажува дека феноменот е исклучително редок.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЛШ: Лудило во Торино за 4:4, Реал со два пенали до победа, историска сензација на Карабах (ВИДЕО)

Следно

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

Latest from Blog

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,
Go toTop