Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Шведска, Oла Солстром

September 16, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска, Oла Солстром.

За претседателката, двете држави ги поврзува традиционално и искрено пријателство, а од воспоставувањето на дипломатските односи во 1993 година, во континуитет градат партнерски односи. Според неа, блискоста и довербата годинава добија дополнителна димензија со солидарноста и помошта што Шведска ја пружи по трагедијата во Кочани, за што изрази благодарност во име на сите македонски граѓани.

Таа посебно ја акцентираше шведската поддршка во унапредување на македонските демократски капацитети.

„Високо го цениме тоа што Шведска е меѓу најголемите и најгласни поддржувачи на нашето членство во ЕУ. Како сојузници во НАТО пак, очекувам активно да продолжиме да го негуваме и да го развиваме сојузништвото околу регионалните и глобалните безбедносни прашања“, рече претседателката.

Меѓу приоритетите во работата, амбасадорот Солстром ги наведе развојот на политичкото партнерство, бизнисот, инвестициите и растот во двете земји, како и унапредувањето на веќе силните меѓусебни контакти, поттикнати од, како што рече, многу ценетата македонска дијаспора во Шведска.

На средбата, по церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката и амбасадорот разменија мислења и информации за безбедносната состојба во поширокиот регион, во контекст на војната во Украина, реафирмирајќи ја поддршката на двете држави за траен и одржлив мир.

Во контекст на македонските аспирации за членство во Европската Унија, Сиљановска-Давкова укажа на нужноста да се направи чекор напред по однос на пристапниот процес на земјата, преку почитување и посветеност на принципите на коишто почива самата Унија. Беше поздравена и одличната меѓупарламентарна соработка како важен аспект на билатералните односи.

Сиљановска-Давкова му посака успех на амбасадорот Солстром во извршувањето на дипломатската мисија, истакнувајќи подготвеност за поддршка во работата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Со мешани патроли до побезбедна младина

Следно

Рецепт за домашни ќебапи: Со неколку трикови, ќе бидат како од ресторан

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop