Врски и љубов: Како „се самосаботираме“ себеси?

September 16, 2025
2 mins read

Тука спаѓаат: страв, проблеми со довербата, високи очекувања, ниска самодоверба и несоодветни вештини за врската. За да избегне тој/таа да биде повредениот во врската, личноста користи различни потези, вклучувајќи повлекување, одбранбеност и напад на својот партнер/-ка.

Стратегиите за одржување романтични врски вклучуваат доверба, отворена комуникација, посветеност, создавање безбедност и меѓусебно прифаќање. 

Податоците за трудот се собрани преку интернет-анкета. Користен е меѓународен примерок од 696 лица со искуство со врски. Претставени се најмалку 50 земји, при што 47 отсто од луѓето се од Австралија (претежно студенти). Просечната возраст на испитаните е 31 година (опсег – 15 до 80 години); 75 насто се жени; 80 насто хетеросексуалци; 62 отсто од испитаниците биле или се во романтична врска. Истражувањето објавено во американскиот „Журнал“ за парови, врски и терапија (Journal of Couple & Relationship Therapy) ги дискутира причините зошто луѓето ја саботираат љубовта.

Можеби ќе ве интересира: Зошто е тешко да се пронајде љубов

Поимот самосаботажа се однесува на употребата на самодеструктивно однесување во романтичните врски со цел „спречување на успех или повлекување на напорот и оправдување на неуспехот“, се наведува. Учесниците наведоа пет причини зошто ги саботираат своите романтични врски.

Страв: Како што постои страв од повредени чувства (на пр. скршено срце, отфрлање или напуштање), исто така, има и страв од посветеност, предавство, интимност, неуспех и осаменост.

Ниска самодоверба или негативна слика за себе (на пр. чувство на инфериорност).

Проблеми со довербата: Тие понекогаш се предизвикани од предавство во минатото.

Високи очекувања: Поврзани со перфекционистички стремежи и верувања за судбината (на пр. фантазии за бајки, принцови, принцези и совршен живот).

Несоодветни вештини за врски: Незрелост, неискуство итн.

Испитаниците, во голем број случаи, изјавиле дека се вклучуваат во разни деструктивни однесувања за да се заштитат себеси.

Повлекувањето од партнерот означува трајно или привремено одржување физичка и / или емоционална дистанца, којашто се нарекува „затворање“ или „отфрлање“. Оваа „тактика“ се користи како реакција на чувство на преоптовареност, во очекување другиот да го стори истото или со намера да се принуди на некој потег (на пр., другиот да го спомне и поттикне раскинувањето).

Емоционална дистанца: Прикривањето или неискажувањето емоции, т.е. емоционално „држење настрана“ како начин за бегство од чувствата, се употребува против подеструктивни техники, како што се пиење алкохол, зависност од дрога или самоповредување.

Повлекување од напори: Прекинување на напорите за успех, развој и изградба на врската поради чувството дека тој напор не е ценет или само ќе доведе до натамошни судири.

Чувство на неправда: Толкувањето на критиката како вина предизвикува чувство на жртва. Понекогаш одбранбеноста е резултат на претходни критики, а во други примери од испитувањето имала за цел да спречи болка којашто би можела да следи.

Лажењето на партнерот или кон себеси – за своите мисли, чувства или статусот на врска (на пр.: „Сè е в ред“), се прави од причини поврзани со финансиска сигурност, страв од тоа како би можел да се однесува другиот, безбедноста на децата и така натаму.

Барање на приврзаност: Голем број поединци-испитаници изјавиле дека се држат цврсто за врските, но и во барањето партнер очајно бараат емоционална поврзаност и бараат одговори; односно се обидуваат да му угодат на партнерот (барајќи одобрување и вреднување по цена на криење и занемарување на сопствените потреби) и се вклучуваат во „ценкање“, а потоа и – молење и ветување дека ќе направат сè за да го задржат партнерот/врската.

Напад кон партнерот: Некои луѓе постојано ги критикуваат или обвинуваат своите партнери – го прават тоа за да се заштитат себеси или да ја одржат надмоќта во врската.

Стратегија на „бркање и повлекување“ се однесува на однесувањето „топло-ладно“  – кога партнерот-ката е во неволја – другиот се повлекува, но кога партнерот се повлекува, другиот оди по него/неа).

Увид во самосаботажата: Само дел од учесниците успешно ги идентификувале и согледале своите уништувачки навики. Тие го опишуваат тоа и како загрозеност од своите сегашни врски – на пр. не знаат како да раскинат, се чувствуваат заробени, очекуваат отфрлање, се плашат од напуштање, склони се на саможртва, привлечени се кон несоодветни партнери, но и многу други одлики на чувството на несигурност.  

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Меџити: Од Гази Баба започнува иднината на Чаир, нашите проекти се реалност, не само зборови

Следно

Фото: Убавата Северина ужива на Сицилија

Latest from Blog

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието

Коди Гакпо и неговата сопруга го загубија синот

Трагедија во семејството на репрезентативецот на Холандија, Коди Гакпо. Тој и неговата сопруга, Ноа ван дер Беј го загубија синот за време на бременоста, и тоа двојката го сподели преку социјалните мрежи.
Go toTop