По пожарот во Трубарево: Една пациентка хоспитализирана, на домашно лекување полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК

September 14, 2025
1 min read

Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиштето за рециклирање отпад  во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево, а другите три лица, припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи и полицаец,  веќе се пуштени на домашно лекување, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Кај хоспитализираната пациентка, која е со коморбидитети, се прават дополнителни анализи, се третира соодветно и Алиу се надева дека бргу и таа ќе биде пуштена дома.

Министерството за здравство формираше кризен штаб по пожарот, направени се протоколи, а претходно објавените препораки од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) остануваат да важат.

Алиу најави дека Владата попладне на онлајн седница ќе донесе одлука учениците од училиштата во неспосредна близина на локацијата на пожарот да следат настава онлајн една недела.

Директорката на ИЈЗ Марија Андоновска соопшти дека според монитпорингот што го прават тие, нема отстапки на параметрите за радијација во воздухот.Во текот на денов ќе се направат дополнителни анализи, ќе се проверат почвата и водата во погодените места, рече Андоновска.

Апелира да се следат дадените препораки коишто, како што рече, се во согласност со сите светски стандарди и колку и да изгледаат едноставни и обични доколку се почитуваат особено од граѓаните од ранливите групи, со коморбитдитети, хронични заболувања, бремените жени и децата, можат да придоенсат да нема здравствени проблеми.

– ИЈЗ не прави физичко-хемиски анализи, туку ќе спроведе мониторинг на квалитетот на воздухот, почвата и водата, на радијацијата во воздухот. Според нашите анализи и сознанија во моментов нема отстапувања од минимумот на параметрите за радиоактивност во воздухот, рече Андоновска.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Ќе има 24-часовен мониторинг на воздухот во Трубарево

Следно

Коњановски: „Трчај бе“ ја промовира спортската култура во Битола

Latest from Blog

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул

Шпанската фудбалска федерација објави денеска дека донесена е одлука, мини турнирот од Суперкупот на Шпанија, годинава да се одигра ни помалку ни повеќе туку во Истанбул. На стадионот „Ататурк“. На него ќе

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе
Go toTop