Затворска казна за хулиганот кој го нападна голманот на Севиља

March 8, 2023
1 min read

Навивачот на холандскиот прволигаш ПСВ Ајндховен, 20 – годишниот Дилано К., кој за време на баражот за осминафиналето во фудбалската Лига Европа физички го нападна голманот на Севиља и српски репрезентативец Марко Дмитровиќ, е осуден денеска на казна затвор во траење од два месеци.

Холандскиот навивач за време на натпреварот одигран на 23 февруари втрча на теренот и го удри Дмитровиќ, кој брзо го совлада и го собори на земја додека не дотрчаа фудбалерите на двете екипи и обезбедувањето на стадионот.

Во пресудата што му беше изречена за нападот врз Дмитровиќ, холандскиот хулиган е прогласен за виновен и за кршење на забрана која претходно му била изречена за влез на стадионот.

Холандските обвинители неодамна наведоа дека Дилано К. веќе имал две пресуди за прекршоци поврзани со фудбал и бил под дејство на алкохол кога втрчал на теренот и го удрил српскиот голман.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Жените во земјите на ЕУ имаат помалку од една третина од пратеничките места, Македонија над европскиот просек

Следно

ДА НЕ СЕ ПОВТОРАТ УНИШТУВАЊАТА ВО ВЛАХО И ЛАГАДИН, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop