Алиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за унапредување на здравствениот систем

September 12, 2025
1 min read

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на свеченото отворање на 21-от Конгрес на лекари на Македонија, кој традиционално го организира Македонското лекарско друштво и важи за најголем медицински собир во земјава со околу 600 учесници и многу еминентни предавачи од нашата држава и странство.

Во своето обраќање, министерот Алиу посебно се осврна на дигиталното здравство и дигитализацијата како еден од клучните столбови за унапредување на здравствената заштита и системот во целост.

– Во рамки на севкупната стратегија за дигитализација и оптимизација на здравствениот систем, веќе најавивме и ново софтверско решение, како апликација, кое ќе ја олесни комуникацијата и движењето на пациентот низ здравствениот систем. Целта е апликацијата да овозможи пациентот во секое време да внесе здравствени индикатори, врз основа на кои матичниот лекар или специјалист ќе може веднаш да реагира – со менување на терапијата или давање препораки за натамошно лекување, односно ако системот детектира вредности надвор од нормалата, автоматски ќе алармира, истакна во обраќањето министерот Алиу.

Воедно, тој посочи дека ваквите конгреси претставуваат извонредна можност за размена на знаења и искуства меѓу многубројните експерти, а со својата стручна експертиза придонесуваат кон подигнување на нивото на медицинската наука и практика.

На 21-от Конгрес на лекари на Македонија свое обраќање имаше и претседателот на Македонското лекарско друштво, д-р Горан Димитров.

– Македонското лекарско друштво оваа година го прославува 80-годишниот јубилеј и е најстарo професионалнo здружениe во земјава кoe ги обединува сите лекари. Особено значаен сегмент во нашата работа е континуираната медицинска едукација со организирање стручни предавања, како и придонесот во создавањето и модифицирањето на медицинските протоколи во различни специјалности, истакна д-р Димитров.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Имињата на македонските партизани се запишани со златни букви

Следно

Одбележана 83. годишнина од смртта на народниот херој Стив Наумов

Latest from Blog

Македонската „Грин Машинс“ на три светски саеми во иста недела — Минхен, Лас Вегас и Ливерпул

Македонските возила за урбана хигиена „Грин Машинс“, кои се произведуваат во БРАКО во Велес, деновиве привлекоа големо внимание во Германија на светскиот саем ИФАТ — водечки меѓународен саем за технологии за животна

Хајделберг факултет: Дуалното образование е клучот за поврзување на младите со компаниите и за создавање кадар подготвен за реалната економија

Скопје, 8 мај 2026 – Дуалното образование не е само образовен модел, туку стратешка инвестиција во иднината на младите, компаниите и македонската економија. Ова беше главната порака од форумската дебата „Дуално образование

Трамп го одби одговорот на Иран- „Целосно неприфатлив“

 Иранската новинска агенција „Тасним“ соопшти дека одговорот на Иран, испратен преку посредникот Пакистан, вклучува моментален крај на војната на сите фронтови, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и гаранции дека

Божиновска: Македонија станува важен регионален партнер во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека енергетиката денес бара силни, функционални и одржливи партнерства што носат конкретни резултати, нагласувајќи дека регионалниот дијалог е неопходен за иднината на
Go toTop