Седница на Советот за безбедност на ОН поради упадот на руските дронови во Полска

September 12, 2025
1 min read

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се состане денес на разговори за упадите со беспилотни летала во полскиот воздушен простор, што полскиот претседател Карол Навроцки го опиша како обид на Русија да го тестира одговорот на Варшава и НАТО.


Состанокот на Советот за безбедност на ОН беше свикан на барање на Словенија, Данска, Грција, Франција и Велика Британија.

Полски борбени авиони Ф-16, холандски Ф-35 , италијански авиони за надзор АВАКС и авиони на НАТО за полнење гориво учествуваа во операцијата за соборување на беспилотни летала во полскиот воздушен простор во текот на ноќта меѓу 9 и 10 септември, кои дојдоа од правец на Украина и Белорусија, објавија претходно официјални лица.


Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш изјави во парламентот на земјата дека досега се пронајдени остатоци од 16 дронови и дека полската логистичка поддршка на Украина во војната против Русија можеби била мотивација за упадите.

Во среда, НАТО го активираше Член 4 од Северноатлантскиот договор, според кој членовите на Алијансата можат да побараат консултации со своите сојузници доколку се заклучи дека нивниот „територијален интегритет, политичка независност или безбедност“ е загрозен.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВРЕДИ: Крај на системот што ги штител злоупотребите – време е за одговорност

Следно

Божиновска најавува сигурна и стабилна грејна сезона

Latest from Blog

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со
Go toTop