ЕУ: Сè уште сме посветени на прекин на увозот на руска нафта и гас до 2028 година

September 11, 2025
1 min read

Европската Унија стои зад својот план целосно да го запре увозот на руска нафта и гас до 1 јануари 2028 година, изјави денес комесарот за енергија на ЕУ, Ден Јоргенсен, по состанокот со американскиот секретар за енергија, Крис Рајт.

ЕУ во моментов преговара за законски предлози што предвидуваат целосно укинување на увозот на руска енергија до 2028 година, со забрана за краткорочни договори што ќе стапи на сила следната година, објавува Ројтерс и потсетува дека ЕУ се соочува со зголемен притисок од Соединетите Американски Држави да го запре увозот на руска нафта и гас дури и пред тој рок.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави во среда дека Унијата ја разгледува можноста за забрзано прекинување на увозот на руска фосилна горива како дел од новите санкции против Москва.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Под контрола е пожарот кај депонијата Дрисла, а изгаснати се 10 пожари

Следно

Тудор: Дербито со Интер е повеќе од само три бода, мислам дека можеме до Скудето

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop