ВМРО-ДПМНЕ: Месечната стапка на инфлација во август, споредено со јули, се намали од 4,9 на 4,4 проценти

September 11, 2025
1 min read

Да се грижеше Венко Филипче за животот на граѓаните и инфлацијата, која во време на СДС беше двоцифрена и го јадеше стандардот на граѓаните, немаше над пола милион да остават на раб на преживување со по 150 денари на ден, посочува ВМРО-ДПМНЕ во пишана реакција на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ Венко Филипче.

„После долги години економски пустош и висока инфлација наследена од владата на СДС, конечно, сега во Македонија можеме да зборување за забавување на инфлацијата.

И тоа не се само зборови на претседателот Мицкоски, како што вели Филипче, туку тоа се официјални статистички податоци, кои покажуваат дека во август месечната стапка на инфлација изнесува 4,4 а во јули изнесувала 4,9 проценти.

Ова се првични сигнали дека процесот на дезинфлација и стабилизација на цените е започнат и благодарение на економските мерки и политики преземени од Владата, а и на оние кои ќе се преземаат во иднина, инфлацијата ќе продолжи да се намалува.

Во однос на наводните грижи на Филипче за депониите, го упатуваме да си се обрати во својата партија која на власт дојде, меѓу другото, викајќи ајро, ајро и со ветување за чист воздух.

Додека во изборната програма за парламентарните во 2020 година, неговиот другар Заев и неговата кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова ветуваа решение и итна ремидијација на Вардариште.

Долгите години на власт им поминаа, па сега Шукова од опозиција повторно да бара гласови од граѓаните, лажејќи ги дека има некакво решение за Вардариште и другите проблеми во градот.

Граѓаните добро знаат кој работи за нив и кој им ги решава проблемите, а единственото решение како за Вардариште, така и за другите проблеми, го има и ќе ги реши кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, Орце Ѓеорѓиевски.

Што се однесува за нелегалното прислушкување и следење на претседателот, Христијан Мицкоски од безбедносните служби под раководство на кадрите на СДС, за сите дилеми и прашања кои ги има Филипче нека се обрати до ЈО на, и така нивниот, Љупчо Коцевски“, се наведува во соопштението.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Меџити го најави почетокот на големата трансформација на улицата „Ферид Мурат“ во Чаир

Следно

Филип Поповски е носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Latest from Blog

СЕ МЕНУВААТ ЛИ ГРАНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА – Романија отвори процес за обединување со Молдавија!

Долниот дом на парламентот на Романија вчера го унапреди предлог-законот со кој се прогласува дека треба да отпочнат преговори за обединување со соседна Молдавија, објави „Романија инсајдер“. Предлогот беше автоматски усвоен, откако

Божиновска: Скопје повторно станува регионален центар за енергетика и зелена транзиција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Македонската берза во црвено: МБИ10 падна за 0,36%, Комерцијална банка со најголем промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 25.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.585,45 поени. Во однос

Божиновска: Скопје се враќа на мапата како регионален центар за енергетска соработка

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се
Go toTop