Израелската војска изврши артилериски напад врз Газа

March 8, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската војска изврши артилериски напад врз воената набљудувачка кула во јужниот дел на Појасот Газа, кој е под блокада, пренесува Анадолу.

Според информациите добиени од локални извори, возилата на израелската војска влегоа во земјиштата на Палестинците во источниот дел на градот Хан Јунис, што се наоѓа во јужниот дел на Газа.

Воените сили со артилерии ја гаѓале воено-набљудувачката кула при теренските сили на Министерството за внатрешни работи во Газа.

„Експлодираше експлозивна направа во близина на израелските сили кои спроведуваа воени активности во безбедносната зона на границата на Газа“, се вели во писменото соопштение на израелската војска.

Во ова соопштение се истакнува дека по овој настан, кој не предизвика жртви или повреди, тенковите на израелската војна бомбардирале една цел на Хамас.

Меѓу другото, палестинската страна сѐ уште не излезе со некоја изјава во врска со овој случај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Николоски: Во Брисел ќе алармирам дека состојбата во Македонија е далеку од розева, криминалот цвета, а економијата тоне

Следно

Арктички циклон ја донесе најстудената ноќ во Велика Британија од почетокот на годината

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.
Go toTop