Мицкоски: Очекувам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори

September 10, 2025
1 min read

Во интервју за Дојче веле говореше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Премиерот се осврна на претстојните локални избори и истакна дека очекува убедлива победа, како и дека победата ќе значи пред сè одговорност и ќе биде заснована на работа.

-Таквата победа за нас е пред сè одговорност и ќе биде заснована на нашата работа. Имаме година без ниту еден скандал во локалната самоуправа, со многу вратени стари долгови во општините што беа блокирани, со многу почнати нови проекти, но и еден поинаков однос кон решенијата – проблеми што се решаваат заедно со граѓаните, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се секогаш достапни за народот, ги решаваат проблемите на граѓаните и се вистински избор за заедничка иднина.

-Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ можете да ги видите по парковите, градилиштата, маалата, улиците – достапни за народот. Очи в очи да разговарате, да дебатирате, да критикувате. Знам дека не може да се решат сите проблеми, ниту тоа сме ветиле, но затоа се трудиме со сите сили да решиме што е можно повеќе и да не заборавиме ниту за миг сè што ветивме. Сево ова постигнато во услови на тешка економска и политичка криза, на грчевита борба и опструкции од централната власт. Затоа верувам дека овие луѓе се вистинскиот избор за заедничката иднина, истакна премиерот Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Над 6 милиони денари за стабилно водоснабдување во Чаир

Следно

Ѓорѓиевски: Средба со спортските легенди за иднината на скопскиот спорт

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop