Мицкоски: Владата вложи 12 милиони евра за проекти во Гази Баба

September 10, 2025
1 min read

Денеска имавме навистина би рекол интензивна прошетка низ Гази Баба и увид во три проекти коишто се во фаза на изработка, спортско игралиште, спортски терени, детска градинка, витална улица, односно улица од витално значење, рече претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Градоначалникот во суштина зборуваше за плановите коишто ги има Општината, за сите оние проекти коишто се реализирани и се во фаза на реализација и ќе се реализираат. Навистина можам да кажам делува импресивно и ја користам оваа прилика да му честитам нему, на советниците, на администрацијата, на пратениците во македонскиот Парламент, коишто се борат секој ден да реализираат проект повеќе, на граѓаните да им обезбедат подобри услови за живот. Тоа е она коешто треба да го прави секој еден градоначалник во Македонија. Јас сум навистина задоволен, еве скоро четири години како Бобан е градоначалник овде во Гази Баба и може да се види од далеку трансформацијата, имајќи предвид дека кога тој беше избран за градоначалник, буквално многу работи стоеја, да не речам речиси сѐ. Од тогаш се направени десетици, стотици проекти коишто значат додадена вредност за животите на жителите на Општина Гази Баба, а ние како Влада во периодот којшто следи ќе продолжиме да ги поддржуваме проектите на целата територија на државата, без разлика дали станува збор за градоначалник којшто е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, коалиционен партнер, опозиција или некој независен, истакна Мицкоски.

Мислам дека Бобан тука имаше околу 10-11 милиони евра, колку вкупно? 12 милиони евра се во Општина Гази Баба вложени. Така што вложуваме да градиме, нешто што во минатото беше непознат збор за претходната влада. Така што овој народ којшто е денеска овде и којшто нѐ поддржува е нашата инспирација и мотив да продолжиме по патот на градење и создавање, а не кон патот на измислици, шпекулации итн, додаде Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска најавува зголемено вложување во спортот

Следно

Ристовски: Самитот „Скопје 2025“ ја потврдува важноста на спортот во создавање просперитетно и современо општество

Latest from Blog

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Се зголемува бројот на загинати, 20 згради урнати во еден град(Обновено)

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните

Во Македонија 13 случаи на Западнонилска треска

Од почетокот на сезоната на комарци, повеќе од 240 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус се регистрирани во седум европски земји, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на

Шок за Ханси Флик: Ѕвездата на Барса потешко се повреди, го чека долга пауза

ФОТО: FC Barselona/FB Шок за Ханси Флик на утринскиот тренинг. Фудбалерите на Барселона целосно се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а утрово одработија нов тренинг во својот тренинг центар, но заврши

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Најмалку 20 загинати, 20 згради урнати во еден град

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните
Go toTop