Брза лента за постапување по предметите на кои треба да се изврши инспекциски надзор од областа на енергетиката

September 10, 2025
1 min read

Брза лента за постапување по предметите на кои треба да се изврши инспекциски надзор од областа на енергетиката е целта на Меморандумот за соработка кој го потпишаа Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

„Со меморандумот за соработка се гради платформа за приоритетно постапување по предметите што се од областа на енергетиката. РКЕ и ДПИ по надлежност се упатени една кон друга во својот опсег на работа. Секој пат кога имаме индиции на атипично однесување на компаниите во секторите кои ги регулираме, алармираме до ДПИ да излезе на терен и да ја утврди реалната состојба. Од друга страна пак, ние поведуваме соодветни постапки по информација од ДПИ, секој пат кога констатираат нерегуларности. Нашето заедничко делување има за цел освен да ги заштити потрошувачите, во исто време и да делува корективно спрема носителите на лиценци. Токму неодамна РКЕ отпочна постапка за одземање лиценца на една нафтена компанија кај која ДПИ по вонреден инспекциски надзор констатира дека не се задоволени минимално- техничките услови за работа согласно Правилникот. Во овој момент работиме на лиценцирање на најголемите нафтени компании, кои по 20 години ги продолжуваат лиценците. Станува збор за комплексен процес, во кој се неопходни заеднички активности на РКЕ и ДПИ – се со цел да се констатира фактичката состојба на терен и дали законските услови се исполнети“ посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Од ДПИ и РКЕ најавија дека во периодот што следува фокусот ќе биде насочен кон контролата на условите за работа на лиценцираните компании се со цел обезбедување непречено функционирање на енергетскиот пазар и заштита на потрошувачите.

„Во изминатите осум месеци, Државниот пазарен инспекторат изврши над 80 надзори во трговијата на мало и трговијата на големо со нафтени деривати, а во однос на квалитетот на нафтените деривати на пазарот во Македонија, земени се над 150 примероци за лабораториска анализа за квалитетот на истите. Истовремено се издадени 16 решенија за привремена забрана за вршење дејност по однос на неверифицирани мерила. ДПИ во соработка со РКЕ, ќе го зголеми надзорот над трговците на големо со нафтени деривати и други енергенси во однос на исполнувањето на услови за вршење на трговија на големо, задолжителните резерви кои трговците имаат обврска да ги чуваат, трговијата преку склад и сл. Како Државен пазарен инспекторат најавуваме продолжување со строгите контроли и мерки за несовесните трговци во вршењето на трговија со нафтени деривати и други енергенси“, изјави Влатко Стојкоски, директорот на ДПИ.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Индустријата се буди – Европа пред нови предизвици

Следно

Ова доведува до развод: Навики кои ги уништуваат врските, а не е неверство

Latest from Blog

БИОМЕТРИЈАТА НА ЕУ СОЗДАДЕ ПОВЕЌЕ ПРОБЛЕМИ ОД КОРИСТ – Осум држави бараат од Брисл летното олабавување на биометриските проверки да продолжи и по 6 септември

Биометрискиот систем на ЕУ предизвикува сериозни гужви и повеќечасовни чекања на границите, па дел од аеродромите привремено ги суспендираат проверките кога ќе бидат преоптоварени со патници. Поради проблемите во шпицот на летната

Демонтирана е подната фонтана каде пропаѓаа возила – пластичните држачи ќе се заменат со иноксни профили

Постојната носечка потконструкција, која беше изработена од пластични носачи што ги поддржуваа бетонските плочи со тежина од околу 100 килограми по елемент, се заменува со нова конструкција изработена од иноксни профили, проектирани

Некогаш една од најубавите плажи во Преспа, денес запуштена: Мештаните сами го чистат Стење

Плажата во Стење некогаш важеше за едно од најубавите и најпосетуваните места на Преспанското Езеро. Во 2015 година таа беше уредена со песок и дополнителни содржини, а потоа привлече голем број домашни

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Се зголемува бројот на загинати, 20 згради урнати во еден град(Обновено)

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните
Go toTop