Познат турски актер е неуштен по смртта на пријател- погребан е милионерот по кого се трагаше 19 дена (ВИДЕО)

September 7, 2025
1 min read

Актерот деновиве поминува низ вистинска драма откако неговиот пријател Халит Јукај, кој исчезна пред повеќе од две недели и на чија јахта крстареше, беше пронајдена пред две недели, а неговото тело кратко потоа.

Актерот беше снимен на погребот на својот пријател и не можеше да ги скрие солзите од тоа колку беше потресен од неговата трагична смрт.

Халит, кого го гледавме во турските серии каде што претежно играше позитивни ликови и кого публиката го памети како весел човек, беше непрепознатлив на последното збогување со својот пријател додека примаше сочувство од толпата.

@okanmermervip Kıvanç Tatlıtuğ Arkadaşı Halit Yukay’ın cenaze töreninde göz yaşlarına hakim olamadı. #kıvançtatlıtuğ #aşkımemnu #kuzeygüney #aile ♬ orijinal ses – Okan Mermer

Да ве потсетиме дека турските власти го бараа турскиот милионер  кој пред околу еден месец тргна од Турција за Миконос. Халит (43) исчезна откако отплови со својата јахта Грејвулф од Ѓалова во југозападна Турција кон грчкиот остров.

Семејството на турскиот бизнисмен го пријави како исчезнат откако не можеле да го контактираат.

За време на пребарувањето, неговата јахта била пронајдена како плови во близина на Проконосис, остров во Мраморното Море. Екипите на крајбрежната стража спроведоа истрага и утврдија дека јахтата се скршила на половина. Сепак, долго време немаше трага од бизнисменот сè до 23 август, кога неговото тело беше пронајдено по исцрпувачка 19-дневна потрага.

Турските медиуми објавија дека Халит Јукај е сопственик на „Мазу Јахтс“, производител на луксузни јахти. Тој ја започнал својата професионална кариера како бродоградител и сонувал да основа сопствена компанија.

Не е познато дали некој друг бил на јахтата со него во времето на несреќата.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Подгответе се за ноќ за паметење: ВАКОВ ФЕНОМЕН РЕТКО СЕ ГЛЕДА

Следно

ВИДЕО: Пуштен за сообраќај уште еден дел од автопатот Охрид-Кичево

Latest from Blog

Лукашенко доби пушка на подарок: „Не за војна… За безбедност во мир!“

Лукашенко посети компанија која развива високотехнолошки производи за воени и цивилни цели, а во таа пригода му беше врачена автоматска пушка „VSK-100B“. Подарокот беше придружен со плоча со натпис: „Не за војна…

Претседателот на Собранието Гаши на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата – 18 Август. Во рамки на одбележувањето, претседателот Гаши ја упати својата благодарност до сите припадници

Проданоски: Сите ресурси се активирани за пожарот кај Чаниште

Пожарот што го зафати селото Чаниште и дел од околината во Мариовскиот регион претставува сериозен предизвик, но најважно е што во огнената стихија нема човечки жртви, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан
Go toTop