Жените во Авганистан се најрепресираните во светот, соопшти мисијата на ОН

March 8, 2023
1 min read

И покрај првичните ветувања за поумерен пристап, талибанците воведоа построги мерки кои дополнително ги загрозуваат правата на жените и ги ограничуваат слободите

Жените во Авганистан живеат во најрепресивен режим, што се однесува до нивните права, соопшти денеска мисијата на Обединетите нации (ОН) по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Мисијата на ОН ги повика талибанските власти во земјата да ги укинат строгите ограничувања наметнати на женската популација од страна на нивниот режим.

Талибанците го забранија образованието на девојчињата по шесто одделение/Фото: EPA-EFE/STRINGER 2072

Радикалната исламистичка група, која се врати на власт во земјата во август 2021 година, по повлекувањето на силите на САД и на НАТО, првично вети дека ќе ги овозможи правата на жените и малцинствата.

И покрај првичните ветувања за поумерен пристап, талибанците воведоа построги мерки кои дополнително ги загрозуваат правата на жените и ги ограничуваат слободите.

Талибанците го забранија образованието на девојчињата по шесто одделение. На жените им е наредено да се придржуваат кон строги правила на облекување, а исто така, според извештаите не смеат да престојуваат на јавни места како што се паркови и спортски сали. Жените во Авганистан исто така не смеат, односно им е забрането од талибанските власи да работат во национални и меѓународни невладини организации, додека патувањето или работата надвор од домот се во голема мера ограничени, пишува Радио Слободна Европа (РСЕ).

Меѓународната организација на трудот на 7 март објави дека вработеноста на авганистанските жени е намалена за 25 отсто по враќањето на талибанците на власт.

Во соопштението на ОН, пак се наведува дека авганистанските власти покажале речиси „едноумен фокус на наметнување правила кои ги оставаат повеќето жени и девојки ефективно заробени во нивните домови“.

„Авганистан под талибанците останува најрепресивната земја во светот во однос на правата на жените. Беше вознемирувачки да се видат нивните методички, намерни и систематски напори да ги истиснат авганистанските жени и девојки од јавната сфера“, .

вели Роза Отунбаева, специјален претставник на генералниот секретар на ОН и шеф на мисијата во Авганистан

Агенциите за помош и хуманитарните групи проценуваат дека повеќе од половина од 38 милиони луѓе во Авганистан страдаат од глад, а децата најмногу се изложени на ризик од неухранетост.

Во соопштението на ОН се додава дека сите Авганистанци ги чувствуваат ефектите од суровиот третман на жените и дека тоа „ќе одекнува низ генерациите“. Околу 20 жени денеска по повод 8 Март одржаа редок протест во Кабул, повикувајќи ја меѓународната заедница да интервенира и да обезбеди заштита за Авганистанците, пренесе АФП.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градоначалникот на Ѓорче Петров со осмомартовска честитка кај пензионерките од општината

Следно

Романија купува американски тенкови Абрамс

Latest from Blog

Флик го блокира заминувањето на Торес

фото: PSG Report @PSG_Report (X) Тренерот на Барселона, Ханси Флик го информирал раководството на Каталонците дека Феран Торес нема да биде продаден за време на овој летен преоден рок. Според „Мундо Депортиво“,

ПРЕСУШЕНИ РЕКИ, СКАПА СТРУЈА: Новиот удар врз европската индустрија

Тешката индустрија во Европа ги трпи последиците од пресушувањето на најголемите реки на континентот поради долготрајниот топлотен бран што го зафати регионот, објави Блумберг. Падот на нивото на водата во Рајна и

НЕМА ВЕЌЕ ЧИСТАЧКИ. Во Белгија “снемало“ 3.000 куќни помошнички, можеби сега чекаат роботи

Бројот на домашни помошнички во Белгија се намали за речиси 3.000 за една година, а една од главните причини е зголемувањето на цената на ваучерите за услуги, објави Националната служба за социјално

Гори на пет локации кај село Раец, ситуацијата е исклучително сериозна

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, доцна вечер преку социјалните мрежи апелираше дека во моментов пожарот во атарот на село Раец е активен на пет различни локации, а ситуацијата е исклучително сериозна. „Надлежните
Go toTop