Донарума остана без својата „99-ка“, не можеше да ја земе ниту „единицата“

September 6, 2025
1 min read
Фото: Манчестер Сити/Твитер

Најдобриот италијански голман, Џанлуиџи Донарума, потпиша договор со Манчестер Сити на последниот ден од преодниот рок.

По потпишувањето, тој се соочи со мал проблем при изборот на бројот што ќе го носи на дресот. Донарума пристигна во Сити од редовите на Пари Сен Жермен, каде што го носеше бројот 1, но тој број го зема и го држи Џејмс Трафорд.

Затоа Италијанецот изрази желба да го носи својот омилен број 99 на дресот. Сепак, тоа не е можно. Тој обично го носеше бројот во Милан, а подоцна дури кога пристигна во Пари Сен Жермен.

Тој број би бил и највисокиот досега носен од играч во Премиер лигата, но раководството на лигата сака играчите да избираат „конвенционални броеви“.

Најдобар пример за ова е случајот со Ренато Санчес, кој сакаше да го носи бројот 85 во Свонси, но Премиер-лигата го одби.

Објаснувањето беше дека „броевите“ во тимот мора да бидат последователни и блиску до моментално највисокиот број, а Португалецот потоа го избра бројот 35.

Исклучок од ова правило се младите фудбалери кои сè уште играат за јуниорите, а Џејмс МекАти го носеше дресот на „Граѓаните“ со број 87.

На крајот, Донарума го доби дресот со број 25, кој остана празен.

Италијанецот ќе дебитира во недела, 14 септември, против градскиот ривал Манчестер Јунајтед на „Етихад“.

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Австрија ја гради енергетската иднина со вода – Македонија има потенцијал, но недостига визија

Следно

Инфлуенсер објави снимка од крвава борба со крокодил, му се заканува голема казна (ВИДЕО)

Latest from Blog

Лансирањето на американските акции на Binance веќе го надминува пазарот на токенизираните акции

Проширувањето на Binance кон американските акции брзо добива на размер и веќе го надминува постојниот пазар на токенизирани акции и по опфат и по трговска активност. Нов пазарен преглед на CoinDesk покажува

Станарите од „Васко Карангелески“ покажаа како се гради култура за селекција на отпад

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот. Откако

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и
Go toTop