Кои им се омилените европски градови на туристите во 2025 година

September 5, 2025
1 min read

Секоја година, американското списание Travel + Leisure
составува листа на европски градови кои се омилени на нивните читатели.

Како и во претходните години, омилени земји на читателите
се Италија, Шпанија, Грција, Турција и Франција, чии градови беа меѓу омилените
15 на туристите.

Што им се
допадна на читателите?

За нивните читатели, поголемото не е секогаш подобро. Тие
претпочитаат градови со средна големина кои можат да обезбедат незаборавно
искуство. Градови како Сиена, Салцбург, Екс-ан-Прованс и Кордоба ги
привлекуваат читателите со својата листа на атракции, можност за пешачење и
шарм.

Читателите ја пофалија Севиља за нејзината романса, како
и за нејзиниот „многу забавен и жив начин на живот“. Атина е „град со совршена
големина“, рече еден читател. „Прошетката низ нејзините населби е прекрасна“,
пишува друг.

15 европски
градови омилени од туристите:

1.. Фиренца, Италија

2. Севиља, Шпанија

3. Гранада, Шпанија

4. Истанбул, Турција

5. Рим, Италија

6. Сиена, Италија

7. Порто, Португалија

8. Мадрид, Шпанија

9. Лисабон, Португалија

10. Лион, Франција

11. Прага, Чешка

12. Салцбург, Австрија

13. Кордоба, Шпанија

14. Атина, Грција

15. Екс-ан-Прованс, Франција

Ова е преглед на она што најмногу им се допаднало на
туристите во првите 5 градови од листата.

Фиренца

„Заборавете на метежот: Нашите читатели сакаат да се
вратат во еден од најомилените градови во Италија, одново и одново“, пишува
американското списание. Некои туристи рекоа дека го посетиле тој град 12 пати и
дека сè уште не им е здодевно. Зошто луѓето се враќаат во Фиренца?

„Архитектурата е прекрасна, луѓето се пријателски
расположени, а храната е фантастична“, вели еден турист, додека други го споменуваат
„чувството на мал град“, сладоледот и шопингот.

Севиља

Овој град беше рангиран на 11-то место минатата година,
но сега скокна на второ место. Искачувањето по скалите се припишува на
уметноста, архитектурата, парковите и плоштадите кои се прекрасни.

„Стара Шпанија во својот најдобар период“, велат
туристите.

Гранада

Овој град има позната атракција: Алхамбра, прекрасно
зачуван исламски дворец од 13 век. Но, таа не е единствената причина зошто
туристите се заљубиле во него. „Сликовити градски улици и мешавина од култури
видливи во кујната, уметноста и околината. Што да не се сака таму?“, вели
туристот.

Истанбул

Се вели дека турскиот град е „еден од најневеројатните
градови во светот“. „Градот нè воодушеви со својата комбинација од грчка,
римска, византиска и отоманска архитектура, култура и историја – сè на едно
место“.

Рим

Секогаш популарен град. Туристите ги фалат
знаменитостите, културата и храната. „Најдобриот сладолед ве чека додека
талкате по калдрмисаните улици барајќи ја Фонтаната Треви, Шпанските скали или
кој било од прекрасните плоштади“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Рама со критики до туристите најголеми загадувачи на плажите, ќе ја забрани и музиката талава?

Следно

Уапсена позната актерка, ПОРАНЕШНА ДЕВОЈКА НА МИЛОШ БИКОВИЌ

Latest from Blog

Отворени се сите избирачки места во трите општини во Југоистокот каде се избира градоначалник во втор круг

Сите избирачки места во трите општини во Југоистокот-Валандово, Конче и Дојран се отворени утрово во 7 часот, а право на глас во овие општини имаат вкупно 16 366 граѓани, кои треба да

Ново Мексико е првата американска држава, каде ќе има бесплатна грижа за децата

Според новата програма, семејствата можат да добијат владини ваучери за да помогнат во покривањето на трошоците за грижа за децата, без разлика дали се во јавни или приватни институции, објави Ројтерс. Мерката
Go toTop