КСЗД: Платеното породилно отсуство претставува клучно социјално право на сите жени

March 8, 2023
1 min read

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) оваа година, на чествувањето на Меѓународниот ден на жената, ја информира јавноста за донесено мислење со кое се утврдува индиректна, продолжена, интерсецкиска дискриминација врз индивидуалните земјоделки – осигуренички, врз основа на пол, род, личен статус и припадност на маргинализирана група во остварување на правото од областа на здравственото осигурување – право на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство.

Постапката беше иницирана по поднесена претставка од Мрежата за заштита од дискриминација и ЛАГ Агро Лидер, а како дискриминатор во случајот се утврдува Министерството за здравство на Република Северна Македонија, како предлагач на Законот за здравственото осигурување.

Со цел решавање на овој системски проблем, Комисијата на Министерството за здравство му препорачува да подготви измени и дополнувања во Законот за здравствено осигурување, така што ќе предвиди право на надоместок за време на привремена спреченост за вршење на земјоделската дејност поради бременост, раѓање и мајчинство за индивидуалните земјоделки, како здравствени осигуренички.

Платеното породилно отсуство претставува клучно социјално право на жените, предвидено со Уставот и со меѓународните договори, па оттука, државата има обврска да го обезбеди ова право за сите жени осигуренички, без исклучок.

Во 2022 година, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација постапуваше по вкупно 65 претставки во кои пријавените основи за дискриминација се полот и/или родот, а по 22 од овие претставки, Комисијата утврди дискриминација врз основа на пол и/или род. Овие податоци само ја нагласуваат континуираната потреба, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да игра важна улога во промовирањето на половата и родовата еднаквост и борбата против дискриминација врз жените, особено жените од маргинализираните групи.

Со оваа порака ја нагласуваме тековната борба за родова еднаквост и потребата за справување со системската дискриминација врз жените во сите општествени области. Од друга страна, со подигање на свеста за овие прашања се стремиме кон градење на поправедно и порамноправно општество за сите.

Нека оваа објава послужи како потсетник за нужноста од активна и реална, а не само декларативна заложба од сите државни институции и активни чинители во борбата за родова еднаквост и важноста од поддршката и зајакнувањето на жените во сите општествени области од животот.

Комисија за спречување и заштита од дискриминација

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ОН: Во Авганистан најмалку се почитуваат правата на жените во светот

Следно

Не се поклопуваат: Нејмар има еден, а ПСЖ друг план за неговата иднина на „Паркот на принцовите“

Latest from Blog

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕТЕ ВО ГРЦИЈА, КАЗНИ ДО 8.000 ЕВРА, А МОЖЕ И ЗАТВОР Од денеска стапува во сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата

Високи парични казни што достигнуваат и до 8.000 евра, одземање на возачките дозволи, па дури и активирање на Кривичниот законик, предвидува новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата во Грција што

Јеменските Хути го нападнаа Тел Авив со хиперсонични балистички ракети – Израел го пресретна нападот

Јеменското бунтовничко движење Хути започна напад со хиперсоничен балистички ракети врз неколку цели во Тел Авив. Портпаролот на Хутите, Јахја Сарија, изјави дека операцијата била успешна, при што израелската војска соборила една

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на
Go toTop