Јаневска: Треба да има нивелација на студентскиот оброк со инфлацијата, за следната година

September 5, 2025
1 min read

Министерката за образование и наука Весна Јаневска се надева дека постои можност за зголемување на сумата на студентскиот оброк поради инфлацијата, но како што рече за следната година.

-Искрено се надевам дека постои таква можност. Да, треба да има нивелација на студентскиот оброк со инфлацијата, за следната година зборуваме. За оваа година, тие побараа проширување квотата, ние ја проширивме квотата. Досега за се што побарале сме им излегле во пресрет и јас им благодарам, бидејќи тоа тие и го признваат, го промовираат, рече Јаневска.

Таа се надевам дека  мерката за зголемување на сумата на студентскиот оброк  ќе успеат да ја спроведат идната година, со тоа што како што потенцира, тоа не зависи само од неа.

-Зависи од состојбата на буџетот. Но дека ќе ги застапувам нивните барања, кога сметам дека се оправдани, тоа сум и го кажала, ќе си го одржам зборот и ќе ги застапувам нивните оправдани барања се додека сум министер, изјави Јаневска, која денеска во Скопје заедно со претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип го промовираа прирачникот за Вештачка интелегенција во образованието. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ристовски: Признанија за спортските херои кои ја афирмираат Македонија

Следно

„Гугл“ го прослави 27. роденден

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop