Меџити од Дуќанџик: ВЛЕН е иднината на Чаир, а не сателитите на ДУИ! (ВИДЕО)

September 4, 2025
1 min read

Првиот вицепремиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, заедно со носителот на советничката листа Мухамед Муртези и пратеникот Беким Сали, вечерва беа пречекани во конакот на хаџи Ибраим во населбата Дуќанџик.

На оваа средба со жителите, Меџити потенцираше дека граѓаните на Чаир заслужуваат подобар и подостоинствен живот, а не празни говори за сателити и астрономија што им го сервира кандидатот на ДУИ, Бујар Османи.

„А тие другите на локални избори зборуваат за Борел и Лајчак, а кога требаше за Митровица тој отиде во Азербејџан, тој отиде во Киев, тој отиде во Украина, ама не најде за сходно со Борел да оди на Северот на Митровица, но за среќа не се реализира неговиот план, не се повлече специјалната полиција на Косово, таа денес е во Митровица, а се повлекоа српските паравоени сили, и вие самите видовте како избегаа оттаму бидејќи тоа не е нивно место, не е нивна татковина, и за среќа има кој да застане и зад Митровица и зад цело Косово, таму е Албин Курти кој ги гради мостовите во Митровица, но овие теми ќе ги оставиме за парламентарни избори, ние во Дуќанџик зборуваме за Дуќанџик, ние во Серово зборуваме за Серово, ние во Гази Баба за Гази Баба и во Чаир за Чаир, значи гласот за ВЛЕН е глас за иднината,“ изјави првиот заменик-премиер, Изет Меџити.

Според Меџити, ВЛЕН зборува за проблемите на граѓаните таму каде што тие живеат, додека ДУИ и нејзиниот кандидат Бујар Османи се кријат зад големи меѓународни зборови, заборавајќи ги секојдневните проблеми на Чаир.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гугл ќе плати отштета од 425,7 милиони долари за шпионирање на паметни телефони

Следно

Белгија го прегази Лихтенштајн, Германија се „сопна“ кај Словачка (ВИДЕО)

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по
Go toTop