Нов хит во Кина: Цуцла за возрасни против вознемиреноста

September 4, 2025
1 min read

Но, се чини, решението е во – цуцла. Тоа е новиот хит во Кина, бидејќи продажбата на цуцли за возрасни е, според многумина – во неверојатен пораст.

На страниците за е-трговија низ цела Кина, цуцлите се рекламираат како средство за ублажување на стресот или помагало за спиење. Па за многумина преоптоварени со секојдневниот живот, ова е доволно за да кликнат „Купи сега“. Најуспешните продавници веќе продаваат и по неколку илјади парчиња месечно.

Психолозите го објаснуваат овој феномен преку концептот на регресија – кога се соочуваат со екстремен стрес и проблеми што не можат веднаш да ги решат, за луѓето е очекувано да се враќаат во некоја порана своја фаза од развојот. А цуцлата, велат тие, ја симболизира безбедноста и удобноста на детството.

Но, дали навистина функционира? Како што објавува порталот „Одити сентрал“ (Oddity Central), многу луѓе на интернет тврдат дека се чувствуваат помалку стресно кога имаат цуцла во устата додека работат, се чувствуваат помирно, но и дека спијат подобро – „како бебе“.

Сепак, стручњаците предупредуваат и на опасности. Д-р Танг Цаомин од Универзитетот Сечуан предупредува дека оралната структура кај возрасните е сосема различна од онаа на бебето, а продолжената употреба на цуцла може да предизвика нарушувања на зглобовите, болка, кликање, па дури и тешкотии при отворањето на устата. Тој, исто така, додава дека материјалот и дизајнот на овие цуцли можеби не се прилагодени на устата на возрасните, а особено предупредува да не се спие со цуцла во устата, бидејќи тоа може да го отежни дишењето, па дури и да предизвика задушување. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Покетино: Никогаш, ама баш никогаш нема да бидам тренер на Барселона!

Следно

Богатство од 12 милијарди долари, и нешто непроценливо: Што остави зад себе Армани

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа
Go toTop