Ужас во Грција: Жена се породила дома пред децата, сопругот пристигнал кога веќе била мртва

September 4, 2025
1 min read

Нејзините две мали деца, на возраст од три и пет години, биле дома, а кога нејзиниот сопруг влегол, ја пронашол мртва заедно со мртвото бебе и ја известил полицијата.

Полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот утврдиле дека жената починала, со папочната врвца сè уште прицврстена на неа, објави Прототема.

Според првичната проценка на лекарот, смртта на жената при породување се чини дека се должи на патолошки причини, но точната причина ќе се знае откако ќе се изврши обдукција.

Жената требало да се породи во наредните денови, но нешто се случило и таа се породила предвреме.

Сопруг: „Се вратив дома и ја најдов мртва, не видов ножици“

Нејзиниот сопруг им кажал на полицајците дека се загрижил кога не можел да ја контактира бидејќи нејзиниот мобилен телефон бил исклучен.

Кога се вратил во нивниот дом во Патисија, ги нашол сопругата и новороденото бебе во несвест на подот во дневната соба. Со помош на сосед, тој се обидел да ја оживее сопругата со кардиопулмонална реанимација, но без успех.

„Не бев дома, се вратив од работа. Двете деца се страчаа кон мене, ја најдов мртва. Не видов ножици“, изјавил нејзиниот сопруг за грчките медиуми.

Дома ги родила и двете деца?

Соседите имаат само пофални зборови за несреќната жена.

„Таа беше извонредна личност, ја сретнав во супермаркетот. Не требаше да биде сама дома додека беше бремена. Многу ми е жал. Дознав за тоа на телевизија, а нејзиниот брат ми потврди. Требаше да се породи. Колку што знам, нејзиниот сопруг работеше. Нејзиниот брат ми кажа дека сама ја пресекла папочната врвца“, рече соседката.

Во исто време, според сведоштвата на соседите, кои не биле потврдени од луѓе блиски до семејството, жената наводно ги родила и другите две деца дома.

Роднините на починатата жена биле на местото на настанот и наводно им рекле на полицајците дека семејството било против доктор, но дека не знаат дали жената посетила гинеколог за време на бременоста за да биде сигурна кога е терминот.

Петгодишното дете, кое во времето на трагедијата било дома со својот тригодишен брат, им кажало на полицајците дека неговата мајка крварела, а потоа се родило бебето. Потоа, заедно со мајката, го однеле бебето во бањата за да го измијат, а детето потврдило дека таткото бил отсутен и дека дошол во станот дури подоцна.

Властите во Грција продолжуваат да го истражуваат случајот, а судскиот испитувач ќе даде повеќе одговори за тоа што точно се случило во станот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе игра за Ал Рајан, ама ќе го плаќа и Ал Хилал!

Следно

Комерцијална банка повторно на врвот по дневен промет од над 2 милиони денари

Latest from Blog

Коњановски: Почна изградбата на модерни игралишта во „Даме Груев“

Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во
Go toTop