Мицкоски: Зошто СДСМ се уплаши, па почна да измислува тези како наводно материјалите се нашле кај жртвите кои биле прислушкувани?

September 4, 2025
1 min read

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на наводите на СДСМ дека материјалите од прислушкувањето се нашле кај жртвите и како институциите ги знаат деталите, изјави:

Па видете, традиција е кога СДСМ е во Владата и кога СДСМ управува со службите во државата, да биде ВМРО-ДПМНЕ следен. Тоа што јас можам да го кажам, веќе го кажав во мојата изјава кога добивме информација за тоа што се случувало во периодот кога бев претседател на најголемата опозициска и најголемата политичка партија, во суштина ВМРО-ДПМНЕ. По природа на нештата, сега логично како претседател на Влада, да добиваме такви извештаи, не е тоа нешто чудно, не е тоа нешто страшно. Очекувам Обвинителството и Судството до крај да го истераат овој случај. Гледам во опозицијата се вознемирени, во СДСМ се вознемирени. И треба да бидат вознемирени затоа што со децении се злоупотребуваат ресурсите на службите. Порано на Управата за безбедност и контраразузнавање, сега Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, така што ценам дека треба еднаш за секогаш да се стави крај на злоупотребата на ресурсите за да влегуваме во туѓите човечки животи. Бедни се тие луѓе коишто наместо со себе, се занимаваат со другите луѓе, истакна Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изет Меџити: Авторите на насилството во Тетово ќе се соочат со најтешката казна од државата

Следно

Три знаци што најмногу ќе ја почувствуваат Полната Месечина на 5 септември 2025

Latest from Blog

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop