Изет Меџити: Авторите на насилството во Тетово ќе се соочат со најтешката казна од државата

September 4, 2025
1 min read

Првиот вицепремиер и воедно кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, остро реагираше по последните случувања со насилство во Тетово и расистичките повици во Куманово.

На новинарско прашање за синоќешниот случај со Војводите во Тетово, Меџити јасно истакна дека државата веќе постапила и дека сторителите се лишени од слобода.

„Веќе се преземени мерки, бев во постојан контакт со органите на редот, сторителите се лишени од слобода, јас ги осудувам овие случаи. Ќе упатам апел сите да бидат на ниво на одговорност, ги осудуваме овие акти и сторителите ќе добијат ригорозен одговор од државата за какви било случаи што го нарушуваат правото и слободата на граѓанинот,“ изјави Меџити.

И за случајот со расистичките повици во Куманово, Меџити информираше дека институциите не останале пасивни, туку се преземени конкретни акции.

„Имаше претреси, се повикани на информативни разговори и се работи на случајот,“ изјави Меџити.

Според првиот вицепремиер Изет Меџити, оваа влада ја докажува решителноста да не дозволи повторување на сценарија на насилство и етничка омраза, уверувајќи ги граѓаните дека секој таков сторител ќе ја добие најтешката казна од државата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола 2021–2025: Коњановски со отчет за реализирани инвестиции

Следно

Мицкоски: Зошто СДСМ се уплаши, па почна да измислува тези како наводно материјалите се нашле кај жртвите кои биле прислушкувани?

Latest from Blog

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop