Гутереш во Киев

March 8, 2023
1 min read

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска пристигна во Киев со надеж дека ќе добие продолжување на договорот меѓу Русија и Украина за извоз на жито склучен минатото лето, со што ќе се избегне глобален недостиг на еден од основните прехранбени производи.

Договорот, склучен на 22 јули минатата година под покровителство на ОН и Турција, овозможува извоз на жито и други прехранбени производи од три пристаништа во Црното Море кои беа блокирани поради војната и истекува на 19 март. Договорот за првпат беше продолжен во ноември, по тешки преговори. Досега се извезени речиси 20 милиони тони жито

Со цел да се обезбеди продолжување на Црноморската иницијатива за жито, Гутереш денеска ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Ова е трета посета на Гутереш на Киев од почетокот на војната. Според извори, тој нема намера да ја посети Москва пред истекот на договорот.

Минатата среда Русија објави дека ќе се согласи да го продолжи Црноморскиот договор за жито што овозможува безбеден извоз на жито од украинските пристаништа, но само доколку се земат предвид интересите на нејзините земјоделски производители.

Рускиот земјоделски извоз не е конкретно цел на западните санкции, но Москва тврди дека ограничувањата на плаќањата, логистиката и осигурителната индустрија „претставуваат пречка“ за рускиот извоз на жито и ѓубрива.

Пред војната, житото од Украина и Русија претставуваше четвртина од светскиот извоз. Црноморската иницијатива се смета за витална за спречување на хуманитарна криза во земјите во развој и за ограничување на цените на храната ширум светот. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Антонио Гутереш во Киев, ќе разговара со Зеленски за договорот за извоз на жито

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби на Електра Солушн на скандалозен начин и обезбедиле тендер за надзор на изградбата на коридорите- смрди на матна зделка

Latest from Blog

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За

Вучиќ: Би сакал изборите да бидат во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија, „но успеавме да

Стигнаа добри вести за Барса: УЕФА го помилува Флик

Фото: Барселона/Твитер Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го предводи тимот во нивниот прв натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона против Њукасл, откако УЕФА ја намали неговата дисциплинска мерка. Флик и

Ѓорѓиевски: Црквата ја чува верата и традицијата на генерациите

Со свечена литургија, предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, денеска беше одбележан големиот јубилеј – 50 години од осветувањето на храмот „Св. Петар и
Go toTop