Овој актер го игра Владимир Путин, а еве како го маскираа: „Не се плашам од последици, но се скрив во глувчешка дупка додека се подготвував за улогата“

September 2, 2025
3 mins read

„Се надевам дека не сум наивен, но не се плашам од последиците“, изјави Џуд Лоу пред новинарите на Венецискиот фестивал, коментирајќи на прашањето дали го загрижува реакцијата на рускиот лидер Владимир Путин.

Филмот го прикажува политичкиот подем на Владимир Путин и неговото доаѓање на власт од перспектива на млад советник кого го глуми Пол Дејно. Тој лик е измислен, но се претпоставува дека е базиран на рускиот политичар Владислав Сурков.

„The Guardian“ пишува дека Дејно е многу неубедлив во оваа улога, додека BBC истакнува дека Владимир Путин е прикажан како мошне блага личност, па „фановите на Џуд Лоу би можеле да се разочараат ако очекуваат во филмот да вика и беснее на потчинетите како кога го толкуваше Хенрик VIII во филмот „Firebrand“ од 2023 година“.

Путин не е главен лик на филмот, кој нуди интригантна и уверлива интерпретација за тоа како настанала Русија на Путин по распадот на СССР, наведува BBC.

„Волшебникот од Кремљ“ е адаптација на истоимениот бестселер на Џулијан да Емполи од 2022 година. Може да се спореди со романот „Wolf Hall“на Хилари Мантел по тоа што зборува за тивкиот, лукав стратег зад престолот, а не за монархот кој седи на него.

 

„Не е ракетен научник, но засега ќе биде сосема во ред“

Во филмот, Баранов му објаснува на гостувачки американски академик (Џефри Рајт) дека бил студент на почетокот на 1990-тите кога комунизмот пропаднал и Москва вриела од млади луѓе кои уживале во новите слободи, верувајќи дека никогаш нема да ги изгубат. Сакал да биде актер и театарски режисер, но брзо одлучил дека може да биде повлијателен како телевизиски директор, нудејќи лажни квизови.

Додека ја вршел таа работа, го регрутирал Борис Березовски (вистински олигарх, кого го игра британскиот актер Вил Кин) да му помогне во кампањата за реизбор на остарениот претседател Борис Јељцин: еден трик бил да го врзат Јељцин за столче за да седи исправено и да не падне напред на масата, а потоа врз неговите зборови да преснимаат делови од неговите стари говори. И Березовски и Баранов сметале дека во политиката она што се прикажува може да значи повеќе од реалноста.

Јељцин повторно бил избран, но Березовски знаел дека времето на претседателот истекува – како и неговиот режим ориентиран кон пари.

Личноста што Березовски ја имал на ум за премиер, а потоа и за претседател, бил државниот службеник Владимир Владимирович Путин. „Не е ракетен научник, но засега ќе биде сосема во ред“, рекол олигархот.

Березовски згрешил мислејќи дека Путин ќе бара совети од него кога ќе дојде на власт. Наскоро бил протеран од Кремљ, а потоа и од државата.

Филмот испраќа следни пораки: манипулирајте ги работите така што ќе изгледаат како што „обичниот“ свет сака, организирајте јавни настани што се блескави и кичасти, а не достоинствени, за да привлечете што поголема публика. Дозволете да се слушнат некои од вашите најгласни противници, зашто нивните глупости ќе ви го зголемат угледот. Украдете го анти-естаблишментскиот јазик на оние што го користат против вас и научете ги вашите поддржувачи да зборуваат на тој начин: така поддршката за вас и вашата политика ќе изгледа бунтовнички. Не трудете се да ширите проруски пропаганди онлајн, едноставно користете го интернетот за да ширите доволно збунетост и одвлекување на вниманието за луѓето да ја изгубат од вид вистината. А ако некоја телевизија ве критикува – присвојте ја.

„Не бркавме контроверза, Путин е таинствен“

„The Guardian“ ја критикува и слабата синхронизација на филмот, додека „BBC“ забележува дека филмот е одмерен и е малку веројатно да стане голем хит, но нуди добар увид во тоа како Путин дошол на власт.

Филмот детално опишува како се развил популизмот на 21. век. „Не се работи само за раѓањето на денешна Русија,“ рече режисерот во интервју за „Variety“, „туку за раѓањето на денешниот свет.“

„Се чувствував безбедно во рацете на Оливје и неговото сценарио, дека оваа приказна ќе биде раскажана интелигентно, слоевито и внимателно. Не бркавме контроверза поради контроверза. Тоа е лик во поширока приказна. Ништо не се обидувавме да дефинираме“, рече Џуд Лоу, па додаде дека се повлекол во „мишја дупка“ додека се подготвувал за улогата.

Истражувал обемен материјал, но не било лесно, бидејќи Путин не открива многу за себе во јавните настапи. „Научив џудо“, истакна тој, а е познато дека рускиот претседател ја обожава оваа боречка вештина.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Дубаи веќе не е рај за иселениците – животот станува прескап

Следно

Коњановски со интервју за КУРИР: Четири години промени, Битола со нов лик и силен прогрес

Latest from Blog

Селена Гомез трета година по ред со добротворна свеченост за својата Фондација (ФОТО)

Таа, имено, пред фотоапаратите, на црвениот тепих на настанот „Рејр импакт фанд бенефит“ (Rare Impact Fund Benefit) што третпат се одржа синоќа во Лос Анџелес во организација на Фондацијата „Рејр импакт“, излезе

Екипаж на крузер заборавил жена на рајски остров- кога се вратиле, била мртва

Сузана беше заборавена од екипажот на крузерот во саботата на остров во Големиот корален гребен, каде што патниците се согласија да одат на екскурзија. Дури навечер сфатија дека Сузана е исчезната на

ВИДЕО Драма на небото: Авионот на Трамп влета во турбуленции – „Ова е тежок лет“

Авионот со кој американскиот претседател Доналд Трамп летал од Азија, имал турбуленции и тоа во моментите кога камерите биле вклучени и кога претседателот на САД даваше изјави. „Морам да ви кажам дека

Ѓорѓиевски се огласи по обвинувањата дека избегал од дебата

Дополнитени часови по локална самоуправа ќе држам од понеделник, после победата на избори, ова е одговорот на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по обвинувањата дека избегал од
Go toTop