Дрвошанов: Mасовна посетеност на нашите штандови, имаме многу добри идеи и предлог-проекти, заедно со нашите граѓани ќе понудиме победничка програма

September 1, 2025
1 min read

ВМРО-ДПМНЕ организира теренска акција, кампања „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!“.

-Во рамки на тие активности, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, на повеќе прометни локации, постави свои штандови каде што нашите сограѓани на соодветни формулари може да дојдат и да ги дадат своите идеи и своите предлог-проекти, се со цел, идниот градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да може истите да ги реализира.

Оваа акција ќе трае до 3 септември. Досега имаме масовна посетеност на нашите штандови, имаме многу добри идеи и добри предлог-проекти, и затоа ги повикувам сите наши сограѓани кои имаат добра идеја да дојдат, да ги посетат нашите штандови за да можеме заедно да ја градиме иднината на општина Струмица.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш била со народот, секогаш го слушала гласот на народот.
Тука е да ги решава проблемите, да реализира проекти, се со цел да ги подобри условите за живот на нашите граѓани.

Секоја добра идеја, секој добар предлог-проект ќе биде сериозно анализиран за да можеме да ја инкорпорираме во нашата програма за локални избори и да дојдеме до нивна конечна реализација.

Овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ ја пишува програмата заедно со нашите граѓани. Заедно со нашите граѓани ќе понудиме најдобра и победничка програма, изјави денеска Жан Дрвошанов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не се препознава актерот на црвениот тепих, кој е еден од фаворитите да биде следниот Џејмс Бонд (ФОТО)

Следно

Планинар загина во Австрија откако бил прегазен од крави

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop