Лукровски: Работиме на хумано решение за животните-бездомници на територија на општина Карпош

September 1, 2025
1 min read

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ беше гостин во утринска емисија на телевизија Алфа. Тој се осврна на ситуацијата со животните бездомници кои се на територија на општина Карпош. Лукровски додаде дека идејата за згрижувачки центар за животните-бездомници е активна, како и да се изнајде хумано решение за истите, за што се координира и со кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

– Прво треба да ги видиме ингеренциите. Со кандитатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, разговаравме дека има намера да се трансформираат. Би имале поголеми ингеренции па така можеби и би имале можност да формираме некаков центар да кажеме за каде што ќе ги прибираме овие животинки бездомници, вели Лукровски.

Лукровски истакна дека треба да се најде хумано решение, со цел доброто на животните.

– Размислуваме за едно хумано решение. Веќе утре имаме еден состанок, дружба, со претставниците на здруженијата за заштита на животните. Една лајка е премалку. Треба да ги исслушаме и заеднички да најдеме решение. Кај мене има волја. Не треба да се сведува да кучињата бидат згрижувани од заедници на станари, кажа Лукровски и додаде:

– Треба да создадеме услови каде што на најхуман начин ќе ги тие кучиња и останати животнки ќе егзистираат.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Селекцијата се врати дома и почнува подготовки за мечот со Лихтенштајн

Следно

Google Photos конечно ја воведува функцијата што Apple ја има со години

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop