Чаби Алонсо за играчите кои досега немале минутажа:“На сите им го кажав истото!“

August 31, 2025
1 min read
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Реал Мадрид успеа да ја забележи втората победа на почетокот од новата сезона во Ла Лига по пресвртот, бидејќи Мајорка водеше со 1:0 на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Гостите поведоа во 18-тата минута кога Пабло Торе му асистираше на Ведат Мурики, кој го совлада Куртоа за 0:1.
Сепак, до крајот на првото полувреме, Реал успеа да го сврти резултатот за само 60 секунди. Арда Гулер ги врати “кралевите“ во игра со гол за 1:1, а само минута подоцна на семафорот стоеше 2:1. Овој пат, Винисиус Жуниор ја затресе мрежата на Мајорка и тоа се покажа како конечен резултат на натпреварот.

Интересно беше и по натпреварот кога Чаби Алонсо се појави пред прес-конференцијата. Еден од нив го праша шпанскиот тренер за Фран Гарсија, кој не доби ниту една минута против Мајорка иако неодамна се истакна на Светското клупско првенство. Алонсо одговори на тоа прашање, а покрај Гарсија, спомена и неколку други играчи од првиот тим на Реал.

„Фран Гарсија? Разговарав со него исто како со Асенсио, Алаба и со сите оние кои сè уште не играле“, вели Алонсо и продолжи.
„Им го кажав на сите истото, а тоа е дека нивната шанса ќе дојде и тие ќе играат. Ќе има периоди кога ќе имаме три натпревари неделно и тогаш ќе морам да им распределам минути на сите играчи за да избегнам повреди. Тогаш ќе дојде време за нив“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола со поворка и свеченост му оддаде почит на Александар Турунџев (ГАЛЕРИЈА)

Следно

Шкаљарците со македонски пасоши што им ги даде владата на СДС-ДУИ биле убиени за 1.5 милиони евра

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop