Трамп ја укина заштитата на Тајната служба за Камала Харис

August 30, 2025
1 min read

Актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ја укина заштитата на Тајната служба на Камали Харис, според Си-Ен-Ен, повикувајќи се на документ до кој тој имал пристап.


Таа наредба Трамп ја испратил во четврток во писмо со наслов „Меморандум до министерот за внатрешна безбедност“.

„Се овластувате да ги прекинете сите безбедносни процедури кои претходно беа одобрени со извршен меморандум, освен оние кои се законски задолжителни, за следната личност, почнувајќи од 1 септември 2025 година – поранешната потпретседателка Камала Д. Харис“, стои во писмото.


Одлуката за укинување на заштитата, како што наведува CNN, доаѓа во момент кога Харис започнува турнеја по повод објавувањето на нејзините мемоари „107 дена“, кои ќе излезат на 23 септември.

„Потпретседателката е благодарна на Тајната служба на Соединетите Американски Држави за нивниот професионализам, посветеност и непоколеблива грижа за безбедноста“, изјави Кирстен Ален, советничка на Камала Харис.


Со укинувањето на заштитата, не се укинуваат само агентите кои ја штитеа Харис 24 часа дневно, туку и постојаната анализа на закани и обезбедување на лични ситуации, електронска пошта, пораки и социјални мрежи, појаснува CNN.

Исто така, нејзиниот дом во Лос Анџелес повеќе нема да биде обезбедуван од федерални агенти.

Според американскиот сојузен закон, поранешните претседатели имаат право на доживотна заштита, додека поранешните потпретседатели, како Харис, имаат право на шест месеци заштита по напуштањето на функцијата, што истече на 21 јули оваа година.

Сепак, нејзината заштита беше продолжена за уште една година преку директива која не беше јавно објавена, а која ја потпишал тогашниот претседател Џозеф Бајден, непосредно пред да ја напушти функцијата.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ги брка комарците и мириса прекрасно: Направете природен спреј од 2 состојки

Следно

ВЛЕН: Со Коридорот 8 Македонија станува дел од европските транспортни коридори

Latest from Blog

Николоски на средба со европратеници: Европската интеграција останува стратешки приоритет

Европската интеграција на Македонија, реформскиот процес и чекорите што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија биле во фокусот на денешната работна средба на вицепремиерот и министер за транспорт и

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна
Go toTop