Мицкоски: Растот на нето-платата во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е речиси двојно поголем во однос на периодот на СДСМ

August 28, 2025
1 min read

Добро е да се направи споредба меѓу параметрите што ги прават СДСМ и ДУИ кога тие беа во Владата седум години во периодот јуни 2017 до мај 2024 година, кога порастот на реалната нето-плата што ја земаа вработените во Македонија беше околу 3,5 проценти и оваа една година на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата односно од јуни 2024 до јуни 2025 кога реалниот пораст на нето платата е 6,5 проценти, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот повик на претседателот на СДСМ Венко Филипче, за пораст на минималната плата.

-Математички, но и било како гледано, 6,5 отсто е речиси двојно повеќе од 3,5 проценти. Селективниот пристап и ваквиот тип на политика на СДСМ донесе резултати во Македонија како што бевме сведоци изминатите седум години катастрофални и унуштувачки. Но она што е поважно и мој совет до раководството на СДСМ е дека тие со ваквиот селективен пристап ја уништија и сопствената партија, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на РЕК Битола.

На СДСМ им порача да бидат конструктивна опозиција и како што рече, наместо да спинуваат и лиферуваат невистини, да почнат да предлагаат нешто коешто ќе значи подобар живот за граѓаните, но и предизвик за Владата за да го прифати и имплементира во своите политики.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на рудари во Македонија опаѓа, додека Европа инвестира во обука и преквалификација

Следно

Албанците го казнија ДУИ, Таравари денес им се поклонува на Ахмети и Груби, велат од „Вреди“

Latest from Blog

Николоски: Свлечиштата повеќе нема да бидат закана за автопатот Охрид-Кичево

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево силно напредува, а проектот се очекува да биде завршен кон крајот на 2026 година, согласно предвидената динамика, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој

Битола испрати порака за почиста животна средина преку „Генералка Викенд“

И во Општина Битола се реализираше една од најмасовните акции во државата „Генералка Викенд“. Вклучени беа основни и средни училишта, градинки, здруженија, културно уметничко друштво, средношколски дом, а се чистеа и 12

Комуналец-Прилеп повторно ја чисти дивата депонија кај Вештачкото езеро

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп повторно спроведува акција за чистење на дивата депонија на патот кон Вештачкото езеро, каде денеска може да се забележат големи количини градежен шут, стар мебел, домашни апарати, пластика
Go toTop