На 14 Септември голем ММА спектакл во Скопје! (ФОТО)

August 28, 2025
1 min read

На 14 Септември во спортскиот центар Јане Сандански ќе се одржи голем спортски спектакл во ултра популарните мешани боречки вештини, спорт познат како ММА.

Генерален покровител на овој настан е министерството за спорт на Р. Македонија. Организацијата која технички го организира овој настан се вика ARMMADA и е една од висечките ММА организации во Европа. Неодамна еден борец кој беше дел од оваа организација потпиша договор со најсилната ММА организација на светот UFC. Станува збор за Јован Лека тешкаш од Србија. Овој факт оваа организација ја прави една од најмоќните во Европа.

На овој голем настан ќе настапат неколку домашни борци кои ќе се обидат да покажат дека и нашата држава има ММА сцена, дека и ние имаме потенцијал во овој екстремно тежок и популарен спорт.

Во професионалните борби, борбите кои можеме да ги потенцираме како прва класа ќе настапат тројца македонци. Професионалното ММА е најреалниот приказ на квалитетот на борците.

Андреј Стојановски категорија -61 кг, со професионален скор (2-3) против Василије Тичан од Молдавија со скор (2-2). Андреј е одличен борец, тој тренира во Србија, во еден од најдобрите клубови на Балканот.

Коста Георгиевски категорија -93кг ќе дебитира против искусниот Раде Новаковиќ од Србија со професионален скор (2-4). Коста Георгиевски е домашен производ, член на “ММА Бутел”, тој е црн појас и поранешен балкански шампион во теквондо, исто така е носител на кафеав појас во Џудо. Коста е припадник на македонските специјални полициски сили.

Никола Димовски категорија -73кг во профи водите ќе дебитира против Лукиан Вилцу од Романија со скор (0-1). Никола не тренира во Македонија, тој тренира во Црна Горс и има солидна ММА кариера во аматерско ММА.

Во семи про борбите, од Македонија ќе настапат:

Даниела Алексовска категорија -52кг против Флоцеа Лаида од Молдавија. Алексовска тренира во “The Strongest”, таа беше европски шампион во аматерско ММА.

Марко Трајановски категорија -84кг против искусниот Петар Кликовац од Црна Гора. Трајановски исто така беше европски шампион во аматерско ММА. Тој е дел од клубот “The Strongest”.

На овој голем настан ќе настапат познатите борци од Србија, Никола Градинаци Огнен Мицивиќ.

Картите се по симболична цена и може да се набават на ticketx.com.mk.

Настанот во живо ќе го пренесува Arena Fight TV.

Да ги подржиме нашите домашни борци.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола подготвен за натпреварот Македонија – Италија до 21 година

Следно

Коњановски: Македонија до 21 година ќе го игра натпреварот против Италија на модернизираниот стадион „Петар Милошевски“

Latest from Blog

Николоски: Со засилено темпо се градат автопатите на „Бехтел и Енка“, државата отвора простор за максимална динамика на терен

Александар Николоски изјави дека со интензивна динамика продолжуваат градежните активности на автопатските делници што ги реализира компанијата Бехтел и Енка, при што Владата, како што рече, прави сè за да им овозможи

Божиновска во Белград: Македонија станува клучен партнер во енергетската трансформација

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше на Belgrade Energy Forum 2026, еден од најзначајните регионални енергетски форуми, каде заедно со министри, претставници на Енергетската заедница, меѓународни институции и водечки експерти

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот ќе го поддржи растот и животниот стандард

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека започнале состаноците со ресорните министри за подготовка на ребалансот на Буџетот за 2026 година. Таа посочи дека процесот се одвива во услови на сериозна глобална

Николоски: Интензивно се гради на Коридорите 8 и 10д, работите на терен во полн замав

На автопатот Гостивар – Букојчани се работи на 11 од предвидените 31 километар, а реализацијата изнесува 60 проценти. На Тетово – Гостивар, пак, се работи на околу 14 километри од предвидените 17,5,
Go toTop