Данокот за нови станови да остане 5%, вели Димитриеска Кочоска

August 28, 2025
1 min read

На емисијата „Тема на ден“ на Телевизија Сител, потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска, истакна дека не е потребно дополнително оптоварување на граѓаните по истекувањето на повластената стапка за купување нов стан.

„Се уште анализираме и ќе излеземе со конечна одлука, но сметам дека не ни треба дополнително оптеретување на граѓаните. Буџетот е во добра насока, приходите се собираат како што е планирано, а и на расходната страна се внимава. Особено за младите лица кои купуваат свој прв дом или влегуваат во брачна заедница, моментално не е потребно дополнително оптоварување“, рече Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека Владата подготвува и мерки за справување со високата инфлација, нагласувајќи дека треба подолгорочно решение, а не само краткорочни мерки.

 

„Ќе излеземе со предлози, но тие треба да бидат одржливи и со фокус на долгорочен ефект“, посочи министерката.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тони Тоневски: 70 години Пробиштип и честитка за Денот на рударите

Следно

Ништо од трансферот на Родриго во Манчестер Сити!

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската заедница го потврди напредокот на Македонија во обновливата енергија

Раст на обновливите извори во електроенергетскиот сектор и поволна траекторија кај финалната потрошувачка, со јасно дефинирани мерки за декарбонизација во ажурираниот НПЕК 2025–2030 Последната оценка на Секретаријатот на Енергетската заедница покажува силен

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија ги соопшти конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот сазив, на кои гласале повеќе од 59,8 отсто од избирачите, односно 67.448.094 граѓани, јавуваат руските

Коњановски во „Cosmic Development“: Битола има млади луѓе кои успешно градат кариера во ИТ секторот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети компанијата „Cosmic Development“, каде што оствари средба со раководниот тим и дел од вработените. Коњановски по посетата истакна дека бил пријатно изненаден од посветеноста на
Go toTop