Тони Тоневски: 70 години Пробиштип и честитка за Денот на рударите

August 28, 2025
1 min read

Пробиштип денес го одбележува својот 70-годишен јубилеј и традиционалниот Ден на рударите. По тој повод, Тони Тоневски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, изрази почит и благодарност кон сите рудари кои со својот труд и посветеност го граделе развојот на општината.

„Пробиштип е град израснат од под земја, изграден врз темелите на рударството и заедничкиот напор. Јас секојдневно сум со рударите, рамо до рамо во борбата за безбедни услови, стабилно работење и напредок, и од прва рака знам колку посветеност и жртва бара оваа професија“, истакна Тоневски.

Тој нагласи дека неговата визија е насочена кон натамошен развој на општината и создавање подобри услови за живот, со почит кон историјата и јасна визија за иднината.

 

„Нека е честит Денот на Општината и големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – заштитник на рударите. Рудари, среќно!“ порача Тоневски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Успение на Пресвета Богородица – честитка од Македонско друштво „Илинден“ Тирана

Следно

Данокот за нови станови да остане 5%, вели Димитриеска Кочоска

Latest from Blog

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија ги соопшти конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот сазив, на кои гласале повеќе од 59,8 отсто од избирачите, односно 67.448.094 граѓани, јавуваат руските

Коњановски во „Cosmic Development“: Битола има млади луѓе кои успешно градат кариера во ИТ секторот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети компанијата „Cosmic Development“, каде што оствари средба со раководниот тим и дел од вработените. Коњановски по посетата истакна дека бил пријатно изненаден од посветеноста на
Go toTop