Тројца хрватски државјани уапсени откако од Србија сакале да изнесат глава од громобран

March 7, 2023
1 min read

Главата на громобранот, која полицијата ја детектирала како радиоактивна материја, при граничната контрола бил пронајден во багажникот на автомобилот „ауди“ со кој тројцата Хрвати ја напуштале Србија. Осомничени се за кривично дело носење опасни материи и недозволено преработување, отстранување и складирање на опасни материи

Тројца хрватски државјани се уапсени откако на српскиот граничен премин „Бездан“ на излез од Србија полицијата кај нив пронашла глава од громобран, јави српската радио-телевизија (РТС).

Главата на громобранот, која полицијата ја детектирала како радиоактивна материја, при граничната контрола бил пронајден во багажникот на автомобилот „ауди“ со кој тројцата Хрвати ја напуштале Србија.

Фото: РТС

Тројцата хрватски државјани, како што јави РТС, се осомничени за кривично дело носење опасни материи и недозволено преработување, отстранување и складирање на опасни материи.

Тие се приведени и ќе бидат сослушани во Основното јавно обвинителство во Сомбор.

Локалните медиуми пишуваат дека за присуство на сериозната количина радиоактивни материјали укажале сензорите поставени на граничниот премин.

Регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ) пишува дека во текот на шеесетите години на минатиот век низ цела Југославија биле поставени радиоактивни громобрани како најефикасна заштита од гром. Кога било укажано дека таквите громобрани прават повеќе штета отколку корист, биле прогласени за радиоактивни.

Повикувајќи се на податоците на Агенцијата за заштита од јонизирачко зрачење и нуклеарна безбедност на Србија од 2018 година, РСЕ објави дека во Србија имало повеќе од 700 радиоактивни громобрани кои дотогаш не биле отстранети од објектите низ земјата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОАЕ досега испратиле над 5.700 тони материјал за помош во Туркије и Сирија

Следно

Бербок заминува за Ирак

Latest from Blog

Милошоски: Жалосно е што СДСМ ја промовира тезата на бугарската влада

Потпретседателот на Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија Телма оцени дека Македонија е блокирана од Бугарија во процесот на евроинтеграциите. Милошоски

Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување

Казна со бодови не е доволна: Премиерлигашите бараат исфрлање на Манчестер сити?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен. Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни
Go toTop