Ѓорѓиевски ја отвора вратата за граѓанскиот сектор во развојот на Скопје

August 19, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска одржа средба со претставници на невладините организации и здруженијата на граѓани од главниот град. На средбата, како што информира тој, се разговарало за клучните предизвици со кои се соочуваат скопјани, но и за идните решенија кои може да се применат врз основа на европските практики.

Остваривме искрен и отворен муабет за проблемите од минатото, но уште поважно – за конкретните идеи за иднината. Невладините ни дадоа значајни предлози во областа на животната средина, хигиената, социјалната заштита, културата, младите, како и за лицата со инвалидитет, ретки и хронични болести“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека сите предлози се внимателно забележани и дека ќе бидат интегрирани во неговата програма за Скопје.

„Верувам дека вистинскиот пат е партнерски однос – заедничка работа, почит и визија за достоинствено Скопје. Во мене секогаш ќе имаат пријател и човек за искрена соработка“, порача Ѓорѓиевски.

Кандидатот за градоначалник оцени дека градот заслужува повеќе и додаде дека со заедничка работа „ќе се врати достоинството и ќе се изгради Скопје какво што сите сакаме“.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мила Кунис за подготовките за филмот „Црн лебед“: Многу малку јадење, многу танцување- цела бев во модринки

Следно

До петок топло време, викендов дожд

Latest from Blog

Николоски на средба со европратеници: Европската интеграција останува стратешки приоритет

Европската интеграција на Македонија, реформскиот процес и чекорите што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија биле во фокусот на денешната работна средба на вицепремиерот и министер за транспорт и

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна
Go toTop