Трамп: Америка нема да испрати војници во Украина

August 19, 2025
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека американските трупи нема да бидат распоредени за да ја бранат границата на Украина под ниту една безбедносна гаранција што произлегува од мировниот договор за завршување на руската инвазија.


Тој во интервју за „Фокс њуз“ рече дека европските сојузници се подготвени да испратат свои војници на терен во Украина како дел од безбедносната гаранција и дека САД „се подготвени да им помогнат во врска со одредени работи“.

„Кога станува збор за безбедносни гаранции, тие (ЕУ) се подготвени да постават луѓе на терен. Ние сме подготвени да им помогнеме, особено, можеби, во воздухот. Бидејќи никој нема работи какви што имаме ние“, рече тој.


Според неговите зборови, ако се постигне мировен договор, „нема да има проблем во подолг временски период“.

„Ќе постојат одредени безбедносни гаранции. Но нема да има НАТО, тоа е нешто што дефинитивно никогаш нема да се случи“, додаде тој.


Тој истакна дека „на некој начин веќе договорил“ средба меѓу рускиот лидер Владимир Путин и претседателот на Украина Володимир Зеленски, но дека тие треба да ја донесат конечната одлука.

„Некако се договорив со Путин и Зеленски, и знаете, тие се тие што мора да донесат одлуки, ние сме 7.000 милји далеку. Тие се тие што мора да потегнат потези“, рече Трамп и додаде дека, ако билатералните средби успеат, тој би бил подготвен да организира трипартитна средба и „да го затвори договорот“.

На прашањето на „Фокс њуз“ за плановите да се обиде да организира билатерална средба меѓу Путин и Зеленски, Трамп истакна и дека некои европски лидери немаат иста итност како него кога станува збор за запирање на војната во Украина и дека еден од европските лидери во Белата куќа препорачал нова средба за „уште месец или два“.

„Еден од двајцата господа, кој е одличен човек, се надевам дека не го навредив. Рече: ’Па, ајде да се видиме за месец или два и да видиме‘. Јас реков: ’Месец или два? Ќе имате уште 40.000 мртви за месец или два. Ова мора да се направи вечерва‘. И навистина го направив тоа. Го повикав претседателот Путин и се обидувам да закажам средба со претседателот Зеленски“, рече Трамп.

Тој наведе дека постои „топлина“ во односите меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин, што, како што рече, можело да се види при нивната средба минатиот петок во Анкорејџ, Алјаска.

„Го видовте тоа кога тој излезе од авионот, кога и јас излегов од авионот, постои топлина … постои тој пријатен чувство … и тоа е добра работа, а не лоша работа“, рече американскиот лидер.


Извор: tv21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата донесе одлука за отпочнување на активности за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините

Следно

Ечевери оди на позајмица во Баер

Latest from Blog

Коњановски: Запуштениот простор зад полицијата во Битола доби нов изглед

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски информираше дека е завршено партерното уредување на просторот зад зградата на битолската полиција, локација каде претходно биле отстранети гаражи и времени објекти. Според Коњановски, станува збор

Туфегџиќ за Newsmax Balkans: Преширокото обвинение за „Пулс“ носи ризик од неправедна разврска

Трагедијата во „Пулс“ повторно го привлекува вниманието на регионалните медиуми, но сега дилемата е како правосудниот систем се справува со судење во кое обвинението повеќе личи на обид за општо расчистување со

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“
Go toTop