Страшна сообраќајка во Грција: Три лице изгореле во судар на два автомобила и камион на автопат (ВИДЕО)

August 18, 2025
1 min read

Според грчките медиуми, се судриле два автомобила и еден камион, по што возилата се запалиле. Сведоците велат дека од запалените возила се слушнале страшни крици. Тројца од четирите патници во еден автомобил загинале во пожарот, додека возачот на истото возило бил тешко повреден.

Возачот на камионот исто така бил тешко повреден, додека уште четири лица кои биле вклучени во сообраќајката биле однесени во болница со полесни повреди. Пожарот се проширил и на подрачјето околу автопатот, на земјоделско земјиште.

Шокираните возачи што минувале застанале да видат што се случило, додека Противпожарната служба брзо пристигнала на местото на настанот – 16 пожарникари и 7 возила, потоа 3 амбулантни возила на ЕКАВ на Грција, како и полицијата.

„Поради сообраќајна несреќа на автопатот Игнација, делница Јасмос – Ксанти, сообраќајот на сите возила во правец Комотини – Ксанти е привремено забранет и ќе се одвива преку националната мрежа Комотини – Порто Лагос – Ксанти. Се молат возачите да ги почитуваат упатствата на сообраќајната полиција“, се вели во итното соопштение на полицијата.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спенс доби нов договор од Тотенхем

Следно

Норвешкиот принц Мариус е обвинет за четири случаи на силување- му се закануваат децении затвор

Latest from Blog

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од

Рустемовски блеска на ЕП, има загарантиран медал од континеталниот собир

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европскоот сениорско првенство во Софија. Нашиот преставник во денешната четвртфинална пресметка беше убедлив и со 4:1 го совлада ерменскиот боксер Артур Бажејан. Со

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на
Go toTop