Со измените на Законот за енергетска ефикасност до пониски сметки, почист воздух, тројно зголемена заштеда

August 18, 2025
2 mins read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) подготви измени и дополнувања на Законот за енергетска ефикасност со кои се прави суштински исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, намалување на емисиите на стакленички гасови и интеграција на обновливите извори на енергија (ОИЕ).

Како што наведуваат од Министерството, со предложеното законско решение се обезбедува усогласување со ЕУ стандардите, се поттикнуваат економски придобивки и се овозможуваат законски придобивки за граѓаните, кои би довеле до пониски сметки за енергија, подобра заштита на животната средина и отворање на нови зелени работни места.

Клучни новини од измените и дополнувањата на Предлог-законот се: воведување на европскиот принцип „Енергетска ефикасност на прво место“, Јавниот сектор, енергетските компании и потрошувачите ќе бидат обврзани да ги применуваат најдобрите трошковно-ефективни мерки за оптимизација на енергетските системи, вклучително и технологии базирани на ОИЕ.

Долгорочна стратегија за реконструкција на згради Владата, на предлог на МЕРМС, ќе усвои 20-годишна стратегија за реконструкција на станбени, јавни и комерцијални објекти, кои ќе се трансформираат во енергетски ефикасни згради со речиси нулта потрошувачка. Оваа стратегија предвидува интеграција на соларни системи и други ОИЕ.

Тројно зголемена заштеда во јавниот сектор Годишната цел за заштеда на енергија во јавните згради се зголемува од 1% на 3%, со задолжителна реконструкција на најмалку 3% од вкупната површина на јавните објекти секоја година. Односно МЕРМС, во соработка со СОЗР при Владата, подготвува предлог план за реконструкција на згради од јавниот сектор на државно ниво, кој на годишно ниво опфаќа реконструкција на најмалку 3% од вкупната корисна подна површина на зградите објавени во списокот од на зградите со вкупна корисна подна површина над 250 m2 кои не ги исполнуваат минималните барања за енергетски карактеристики, кои се во сопственост и се користат од страна на лицата од јавниот сектор на државно ниво.

Задолжителни сончеви колектори во јавни згради при изградба или значајна реконструкција на училишта, градинки и други јавни институции ќе се вградуваат сончеви колектори за топла вода, каде што е технички и економски изводливо.

Финансиска поддршка за енергетска трансформација МЕРМС воспоставува финансиска поддршка и финансиски механизми за инвестиции во соларни панели, геотермални системи и паметни технологии.

Нови регулативи и годишни програми – Владата ќе донесува уредби и програми за поддршка на реконструкцијата на домувања, јавни и комерцијални згради. За спроведување на годишна програма за мерките за поддршка за реконструкција на зградите за домување, јавните и комерцијалните згради, МЕРМС ќе објавува јавни повици за доделување на право на користење на мерки за поддршка на енергетската ефикасност и во постапка на јавна набавка ќе врши избор на правни лица за изведување на работи за реконструкција за поголема енергетска ефикасност.

Дигитална транспарентност, Високи стандарди во јавните набавки, Обврзувачка шема за енергетска ефикасност (ОШЕЕ), Професионализација на енергетските контроли, Сертификати во катастар, Локален напредок преку меѓуопштинска соработка, Правна сигурност и континуитет, Целосна имплементација на политиките МЕРМС ќе ги подготви подзаконските акти што недостасуваа изминатите пет години.

-Со овие измени и дополнувања се создава правна, економска и социјална рамка која ги намалува трошоците за граѓаните, бизнисите и јавниот сектор, го забрзува усвојувањето на обновливи извори на енергија, отвора нови работни места во зелените технологии и градежништвото, ја доближува земјата кон европските стандарди и климатска неутралност. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува целосно посветено на реализацијата на реформите во енергетскиот сектор и на исполнување на европските стандарди. По веќе усвоениот Закон за енергетика, до крајот на годината се очекува да бидат донесени и Законот за енергетска ефикасност, Законот за користење на енергија од обновливи извори , Законот за рударство и Законот за геологија, Законот за концесии на добра од општ интерес и Законот за јавно-приватно партнерство. Со ова, Министерството ја потврдува својата визија за стабилен, одржлив и конкурентен енергетски сектор кој ќе обезбеди почиста животна средина, енергетска сигурност и подобар квалитет на живот за сите граѓани, стои во соопштението.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална и Алкалоид со најголем обем – стабилен МБИ10

Следно

Друштвото „Илинден“-Тирана организира традиционална средба во Ербеле

Latest from Blog

Ова се 5 предвидувања на Нострадамус за 2026 година

Нострадамус, велат, предвидел некои од клучните историски настани и големи катастрофи: пожарот што го уништи Лондон, подемот на Наполеон и Хитлер, смртта на Џон Кенеди и кралицата Елизабета, нападот врз Светскиот трговски

Администрацијата на Лувр поставува решетки на прозорците на галеријата Аполо

Музејот Лувр во Париз постави метални решетки на прозорците на галеријата Аполо, каде што крадци провалија и украдоа накит од колекцијата на Наполеон во октомври. Службеникот на музејот, Франсис Штајнбок, рече дека

Македонската берза ги додели годишните награди

На свечена церемонија во Скопје вечерва беа доделени Годишните награди на Македонската берза за 2025 година. Наградата за акција со најголем промет беше доделена на Комерцијална банка, додека акција со најголем пораст
Go toTop