Јаневска: МОН не може и не треба да ги превземе надлежностите на Општина Струга, Мерко работи недомаќински

August 13, 2025
1 min read

Поради недомаќинско работење на градоначалникот Рамис Мерко и целото раководство во Општина Струга не им стигнуваат блок дотациите за основните училишта, смета министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Прашана за коментар по вчерашната објава на Општина Струга дека ги отстапува надлежностите за основните училишта на нејзина територија на Министерството за образование и наука за учебната 2025/2026 година, Јаневска денеска на прес-конференција подвлече дека државата е во процес на децентрализација и оти постојат закони за тоа.

– Министерството не може и не треба да ги превземе ингеренциите на општината. Ние сме длабоко во процес на децетрализација и општинските училишта се под ингеренција на општината. Тоа што Општина Струга се жали дека блок дотациите не и стигнуваат, јас сум убедена дека е резултат на недомаќинско работење на градоначалникот и Општината и целото раководство, рече Јаневска.

Таа потсети на незаконското поставување директори во неколку училишта на територија на општина Струга, а кажа и дека има сознанија за незаконски вработувања и неодобрени паралелки.

– Таму се случуваа незаконски дејствија, незаконско поставување директори. Моите информации велат дека има незаконско вработување во одредени училишта и неодобрени паралелки. Претпоставувам дека се е тоа во корист на политички цели, а никако во корист на образванието. Тие што ја водат општината треба да се способни со коректно работење да се справат и со проблемите, доколку не се, идат избори па ќе видиме граѓаните што ќе одлучат, рече Јаневска.

Општина Струга вчера на својот фејсбук профил објави дека ги отстапува надлежностите за основните училишта на нејзина територија на Министерството за образование и наука за учебната 2025/2026 година поради немање доволно средства за исполнување нормални услови за одвивање на образовниот процес во 12 основни училишта.  Во објавата го известуваат Министерството дека од 1 септември 2025 година нема обврска да им испраќа блок-дотации на жиро-сметката на Општината, бидејќи, додаваат, од тој датум сите надлежности за основните училишта ќе бидат во нивни раце.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Исплатени се субвенциите за ранливите семејства

Следно

ВИДЕО: Австрија испрати конвој возила и голем тим за Црна Гора, масивни пожари се уште беснеат

Latest from Blog

Епл го избра моделот на ВИ на Гугл, Џемини, за новата генерација на асистентот Сири

Компанијата Епл денеска официјално го потврди партнерството со фирмата Гугл, чии модели на вештачка интелигенција Џемини (Gemini) ќе ја придвижуваат новата генерација на асистентот Сири. Веста ја подигна пазарната вредност на Гугл

ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 12 СТЕПЕНИ ПОД НУЛАТА: Временска прогноза за утре и следните денови

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови од земјата ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринските температури ќе се движат од -12 степени, а дневните до

Министерот за животна средина Хоџа најави нови заеднички проекти со Косово

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, на која се разговараше за актуелната состојба и

Слон уби 20 луѓе за девет дена во Индија

Најмалку 20 лица се убиени во напади од див слон во текот на девет дена во источната индиска држава Џарканд, потврдија официјални лица. Животното сè уште не е фатено, а смртните случаи
Go toTop