Загубите на ЈКП „Никола Карев“ од Пробиштип двојно зголемени – барања за отчет од локалната власт

August 13, 2025
1 min read

Пробиштип, август 2025 – Јавното комунално претпријатие „Никола Карев“ од Пробиштип ја заврши 2024 година со загуба од 6.774.000 денари, што претставува речиси двојно зголемување во однос на 2023 година, кога минусот изнесувал 3.305.000 денари. Податоците се преземени од официјалните финансиски извештаи објавени на порталот CompanyWall, кој ја следи јавната финансиска документација на сите фирми и институции во земјава.
Иако приходите на претпријатието бележат постепен раст – од 82,2 милиони денари во 2022 на 96,1 милион во 2024 – сепак тој е недоволен да ги покрие уште побрзо растечките расходи, кои достигнаа 102,9 милиони денари во 2024 година. Разликата меѓу приходите и расходите ја продуцира загубата, што ја отвора дилемата: дали Пробиштип влегува во сериозна финансиска криза во делот на комуналните услуги?

Недоволна транспарентност и одговорност

Локалната самоуправа, предводена од градоначалникот Драган Анастасов, и раководството на ЈКП „Никола Карев“ досега не понудија јавно објаснување за причините за растот на загубите. Недостатокот на транспарентност за финансиското работење на претпријатието и отсуството на чувството за одговорност да ја објаснат состојбата во претпријатието, наметнуваат потреба да се направи увид колку одговорно се управува со јавните средства.
Врз основа на официјалните бројки, повеќе прашања остануваат неодговорени: Зошто расходите растат побрзо од приходите, иако нема значителни инфраструктурни или капитални проекти објавени за 2024 година? Дали се спроведуваат доволно ефикасни мерки за наплата на долговите од граѓаните и компаниите? Зошто јавноста не е информирана за конкретни планови за стабилизирање на финансиската состојба на претпријатието?

 

Потреба од итни мерки

Побарувањата од граѓани и компании бележат пад од 46,1 милион денари во 2022 на 43,8 милиони во 2024 – што може да е последица на проблеми со наплатата на услугите. Коефициентот на тековна ликвидност, кој ја мери способноста на претпријатието да ги покрива своите краткорочни обврски, исто така се намалува од 2,55 на 1,78 за истиот период, што е предупредувачки сигнал за финансиска ранливост.
Анализата на финансиските параметри покажува дека доколку не се преземат итни и структурни реформи, комуналното претпријатие ќе се соочи со уште поголеми проблеми, како намалена способност за одржување и развој на инфраструктурата (водовод, канализација, јавна чистота), како и потенцијално зголемување на цените на услугите за граѓаните.
Во услови на постојан раст на загубите, јавноста со право очекува градоначалникот Анастасов, поранешниот в.д. директорот Ненад Павиќевиќ и актуелниот Драган Ристовски да понудат детален извештај – не само за тоа што довело до ваквата состојба, туку и за тоа кои конкретни чекори ќе се преземат. Комуналните претпријатија се основа на функционирањето на градот и нивната ефикасност директно влијае врз секојдневниот живот на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба Ѓорѓиевски-Саити: Продлабочување на соработката со посебен акцент на грижата и поддршката на бездомните лица

Следно

Мицкоски и Меџити со пораки за братство и единство – 24 години Охридски договор

Latest from Blog

Белата куќа: Нема закана од Иран за напади на американска територија, натписите на ABC се лажни

Реакцијава доаѓа откако ABC News објави дека ФБИ ги предупредило полициските одделенија во Калифорнија за можна иранска одмазда за американско-израелските напади врз Иран. Според извештајот, Иран наводно би можел да се обиде

Мицкоски: Нашиот фокус е консолидирање и економски раст на државата, како и на редовни парламентарни избори во 2028 година

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва порача дека фокусот на Владата е на консолидирањето и економскиот раст, како и на редовни парламентарни избори, кои ќе се одржат во 2028 година. Мицкоски во интервју за

Малиновски: Државниот јавен обвинител треба да се бира со двотретинско мнозинство, но ниту една власт досега не посегнала по таква интервенција

Идејата за двотретинско гласање при изборот на државен јавен обвинител одамна се провлекува и таа е доста квалитетна сугестија, меѓутоа ниту една власт која го носи законско решение не посегнува по таква
Go toTop