125 лица осомничени за подметнување пожари во Албанија, 22 во притвор – Рама најави дека потпалувањето ќе се казнува како убиство

August 12, 2025
1 min read

Под сомнение за подметнување пожари во Албанија се осомничени 125 лица, додека 22 се во притвор, изјави Ервин Хоџа, министер за внатрешни работи.

Од Грамш, каде состојбата е повеќе од критична тој упати апел до граѓаните да бидат посвесни бидејќи „казните ќе бидат ригорозни”.

Претходно, по драматичната ситуација со пожарите, премиерот Еди Рама, објави видео-снимка направена од турски дрон „Бајрактар“ на албанското воздухопловство, на која се гледа како лице подметнува пожар.

Намерното палење на отворен простор го нарече „предавство” најавувајќи дека “потпалувањето ќе се израмнува со убиство”.

-Намерното палење не е само злосторство, туку и предавство на нашата земја и иднината на нашите деца. Еве видео од намерно палење снимено денес од беспилотни летала на воздухопловните сили. Државната полиција е на терен за да ги изведе пред лицето на правдата сите што си играат со пламен на заеднички имот, пишува Рама во објавата.

Најавата на Рама ја поддржа министерот за одбрана Пиро Венгу велејќи дека “апсолутно е исправно од моментов, Кривичниот законик да ја одразува новата реалност”.

Инаку, според Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS) од почетокот на јули, во Албанија изгореле речиси 34.000 хектари.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шкендија поведе, па убедливо загуби од Карабах

Следно

Продолжува пеколниот топлотен бран: Прогноза за Македонија и балканските летувалишта

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop