Мицкоски: Експерти ќе решаваат за потписите – Кондарко вели дека деновиве ќе го прецизираат упатството за независните

August 12, 2025
1 min read

Ќе консултираме правни експерти за тоа дали Државната изборна комисија ќе може да носи нов Правилник, ретерираше премиерот Мицкоски откако вчера тој побара од нив да донесат нов кој претходно го укинаа. Ваквата изјава доаѓа откако дел од експертската јавност реагираше дека не може ДИК со упатство да го регулира учеството на независните кандидати на локалните избори, бидејќи тоа не е нејзина надлежност.

„Министерството за правда ќе има состанок со дел од тие експерти, чекаме да видиме што мислат и да повлечеме таков потег, инаку, ќе се постапи секако според законот, нема да се постапи надвор од законот“, вели Христијан Мицкоски.

Претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарко вели дека до крајот на неделава ДИК ќе го прецизира упатството за поднесување независни кандидатури. Тој го повтори ставот дека нема да има потреба да собираат потписи и дека сите подеднакво ќе учествуваат на изборите, било да се политички партии или група избирачи, односно независни кандидати.

„Група избирачи ќе можат да учествуваат на изборите со поднесување на свои листи, без собирање на потписи, бидејќи Уставниот суд ги укина одредбите од законот за бројот на потребни потписи. Меѓутоа правото предвидено во законот постои. Тоа никој не може да го оспори ниту ДИК може да одлучува во врска со тоа, едноставно директно го применува законот, така што правото е неспорно“, вели Борис Кондарко.

Државната изборна комисија  во саботата на седницата кога беа распишани изборите, донесе и одлука за укинување на Правилникот кој се однесуваше на собирање потписи на независните кандидати. Тоа отвори правна дилема дали независните ќе мора да собираат потписи за да настапат на изборите или не. Бидејќи останаа во неизвесност тие се одлучија да формираат политички партии.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Правда со експерти за условите на независните; граѓанските опции собираат потписи за партии

Следно

Власта и опозицијата во Охрид во клинч за туризмот на сметка на автентичноста на градот

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop