ВРЕДИ: Бујар Османи претставува симбол на дваесетгодишната корупција

August 12, 2025
1 min read

Граѓаните на Чаир добро знаат кој е Бујар Османи. Знаат дека за дваесет години политика никогаш не направил ништо за Чаир, ниту помогнал на некого од Чаир. Се враќа тука само кога му требаат гласови за да ја продолжи својата лична политичка кариера. Бујар Османи е симбол на кариеризмот – човек кој ја користеше секоја функција за сопствен напредок, а не за доброто на граѓаните, велат од ВРЕДИ.

-Како министер за здравство доби амнестија во предмет на СЈО за незаконски набавки, а извештаите на Државниот завод за ревизија документираат милионски незаконски трошоци: милиони денари за деривати без покритие, сервисирање возила без докази, незаконски вработувања преку агенции. Како министер за надворешни работи потроши над 120 милиони денари за Самитот на ОБСЕ, без документи, без фактури, без извештаи. Единствената „победа“ што ја запомнивме е тоа што го пречека рускиот министер Лавров, потег што и нанесе штета на меѓународната репутација на државата. Како претседавач на ОБСЕ стана познат по тоа што застана на српска страна во спорот со Косово, и наместо да гради стратешко партнерство со Косово, организираше десетици средби и ручеци со српскиот државен врв, отворајќи го пазарот за српски капитал и сомнителни бизниси. Како дел од Владата на ДУИ беше соучесник во дозволата за влез на МТЕЛ и српските казина во Македонија, од кои две лиценци завршија во рацете на компании со контроверзно српско и црногорско потекло, се наведува во соопштението на ВРЕДИ.

Од ВРЕДИ велат дека Чаир не заслужува човек кој цела кариера ја помина далеку од проблемите на својата општина, кој се појавува само кога му треба поддршка, и кој зад себе остава само долгови, сомнежи и скандали.

-Чаир ќе избере човек кој 20 години дише и живее со проблемите на оваа општина, кој ги решава проблемите на граѓаните, а не ги користи за лични договори и лични кариерни причини. На 19 октомври, граѓаните на Чаир ќе му кажат јасно и гласно: Доста беше, Бујар! Доста абеше од твојот кариеризам, посочуваат од ВРЕДИ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Битола инвестира во инфраструктура: Канализации, спортски објекти и енергетска ефикасност

Следно

ВЛЕН: Бујар Османи претставува симбол на дваесетгодишната корупција

Latest from Blog

Тројца загинати во катастрофалните поплави во западна Бгарија

Страшно невреме го погоди бугарското приморје, при што загинаа три лица, а властите прогласија вонредна состојба во општините Несебар и Царево. Во североисточниот дел од земјата и денеска е прогласен жолт аларлм

Изет Меџити најави изградба на Младински Центар во Чаир

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити и кандидатот за општински советник, Аритон Рама, денес го претставија еден од клучните приоритети на изборната програма, изградбата на Младинскиот центар,

Ѓорѓиевски: Сарај ќе стане симбол на одржлив туризам и развој

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на општина Сарај, каде што најави повеќе инфраструктурни и развојни проекти насочени кон унапредување на локалната заедница и туристичкиот локалитет

Пи Диди -Комбс осуден на 50 месеци затвор

Раперот Шон Диди Комбс е осуден на 50 месеци затвор откако беше прогласен за виновен за подведување. Пресудата за Диди Комбс беше изречена во федералниот суд во Менхетен по двомесечно судење, по
Go toTop