Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец ќе спортуваат во нова и модерна сала, за 3 години ќе се изградат уште 28 спортски сали

August 12, 2025
1 min read

Физичката активност на учениците е од исклучително значење за тие да можат правилно да растат и да се развиваат. Спортувањето и зголемена физичка активност, придонесува за концентрација и подобри резултати во учењето. Со цел здрави и со поголема концентрација ученици, се вложува во спортската училишна инфраструктура, се подобрува постоечката, а каде што има потреба се гради нова, велат од владејачката партија.

-Владата на ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура на образовниот систем, во следните три години ќе се градат нови 28 училишни спортски сали во различни општини. Согласно планот, се предвидува активностите да започнат годинава и до крај на 2027 ќе бидат завршени сите објекти, за што ќе бидат вложени околу 560 милиони денари. Моментално во завршен процес на изградба е новата училишна спортска сала во ООУ „Кочо Рацин“ во населено место Огњанци, општина Петровец во вредност од 19 милиони денари. До крај на месецов салата ќе биде целосно завршена, а од септември во новата учебна година учениците ќе вежбаат и спортуваат во модерни и современи услови. Нова спортска сала се гради и во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во с. Булачани, општина Гази Баба. Станува збор за инвестиција во вредност од 26 милиони денари, која во моментов е половина реализирани која се простира на површина од 543 квадратни метри, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нови спортски сали до крајот на годинава ќе добијат скопските училишта „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода.

-Владата сериозно се посветува на младите, континуирано вложувајќи во подобри, современи и квалитетни услови за настава и спортување на секој ученик, велат од владејачката партија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС штанца соопштенија дека лошо се живее во државата, Филипче ужива со Заев во јахта на Егејското море

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop