ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС штанца соопштенија дека лошо се живее во државата, Филипче ужива со Заев во јахта на Егејското море

August 12, 2025
1 min read

Лицемерниот Филипче ужива во друштво на Заев во скапа јахта на Егејското море и се гоштеваат со лигњи, октоподи и тропски плодови. Ова би поминало незабележано, доколку Филипче и Заев се чесни луѓе, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека неговата партија секојдневно штанца соопштенија како лошо се живее во Македонија, Филипче во друштво на Заев уживаат на скапа јахта, за која тој треба да одговори, чива е јахтата? Да се има јахта, исто така не е грев. Но, грев е доколку таа јахта сте ја купиле со парите од граѓаните, кои ги прелажавте и уништувавте години наназад. Ги оставивте да живеат со 150 денари на ден, а тие – Филипче и Заев, правеа провизии и договори во 4 очи, и се богатеа на грбот на народот. Филипче кој е привезок и послушник на политиките на Заев, треба јасно да каже од каде се парите за скапата јахта? Дали случајно и тие се подарок од фирми кои добивале тендери кога овој криминален тандем составен од Филипче и Заев беше власт? Глумата и лицемерието на Филипче треба да престанат. Тој заедно со неговиот ментор Заев, треба да бидат заборавени во македонската политичка историја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец ќе спортуваат во нова и модерна сала, за 3 години ќе се изградат уште 28 спортски сали

Следно

ЦУК: Активен пожар во Македонски Брод, еден под контрола, 14 изгаснати

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop