ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА ХРВАТСКА ПЕЈАЧКА ГАБИ НОВАК

August 11, 2025
1 min read

Легендарната хрватска пејачка Габи Новак почина на 9о години. Откако на 17 август 2015 го загуби сопругот Арсен Дедиќ, кантавтор и композитор со кого беше во брак повеќе од четириесет години,  Габи Новак доживеа уште една тешка лична трагедија., кога на 8 јуни годинава, на 52 години почина нејзиниот син Матија Дедиќ, еден од најистакнатите хрватски џез пијанисти.

Габи Новак често ја нарекуваа прва дама на хрватската поп музика, а нејзината интерпретација, емоционален израз и уметнички стандард оставија траен белег врз музичкото наследство на Хрватска и поширокиот регион.

Габи Новак е родена на 8 јули 1936 година во Берлин. Беше ќерка на Ѓуро Новак, роден на островот Хвар, и Германката Елизабет Рајман. Детството го поминала во Берлин, потоа на Хвар, по што се преселила во Загреб. Таму дипломирала на Факултетот за применети уметности, со насока графика, и кратко работела како илустратор во „Загреб филм“, во Студиото за цртани филмови.

Таа почна да настапува кон крајот на 1950-тите, а нејзиниот препознатлив глас наскоро ја направи една од најомилените пејачки на југословенската музичка сцена од тоа време. Нејзиниот репертоар вклучуваше поп и џез, а веќе во текот на 1960-тите години стекна голема популарност.

За време на нејзината богата кариера, таа сними голем број албуми и синглови и соработуваше со врвни композитори и музичари. Нејзините уметнички достигнувања се потврдени со бројни награди, вклучувајќи неколку награди „Порин“, во 2002 година за најдобра џез изведба, во 2003 година за албум на годината, најдобар женски вокал, најдобар поп албум и најдобра вокална соработка, а во 2006 година ја доби наградата „Порин“ за животно дело.

Прво беше во брак со композиторот Стипица Калоѓера, а по нивниот развод во 1970, на 30 март 1973 се омажи за кантавторот Арсен Дедиќ, кој беше нејзин сопруг и уметнички соработник до неговата смрт во 2015.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Оган под ѕвездите, денес метеорски дожд над Македонија

Следно

Во Њујорк отворена изложбата „Жените во македонската архитектура: Обновата на Скопје“

Latest from Blog

ЧЕКАШЕ И ДОЧЕКА – Студентските ваучери официјално стартуваа

По успешно завршената кампања за предрезервации „Не се нервирај – Предрезервирај“, компанијата Анхоч ја продолжува својата поддршка за студентите со новата кампања „Чекаше и Дочека“, со која официјално започнува реализацијата на студентските

Надојдени води носат автомобили во Будва, сопствениците направиле голема грешка (ВИДЕО)

Видео објавено од Инстаграм страницата „Подгорица Тајм Машин“ го прикажува поројот како носи сè на својот пат, вклучувајќи ги и автомобилите што биле паркирани таму, објави Телеграф. Проблемот е што ова место

Литванија отвори два гранични премини со Белорусија, претходно затворени поради шверц на цигари

Литванија утре ќе ги отвори повторно двата гранични премини со Белорусија кои беа затворени откако балони со шверцувани цигари влегоа во земјата, изјави денес литванскиот министер за внатрешни работи Владислав Кондратович. Тој
Go toTop