Израелската Армија уби двајца новинари на Ал Џезира во Газа

August 11, 2025
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Двајца дописници на „Ал Џезира“, Анас ал-Шариф и Мухамед Краикеа, заедно со уште фоторепортери на каналот, беа убиени вчера во израелски напад врз шатор во кој се наоѓале новинарите близу болницата „Ал-Шифа“ во западниот дел на Газа, соопшти Канцеларијата за медиуми во Газа, јавува Анадолу.

Каналот со седиште во Катар го цитираше директорот на медицинскиот комплекс Ал-Шифа во Газа, кој рече: „Дописниците на Ал Џезира, Анас ал-Шариф и Мухамед Краикеа, беа маченички убиени во израелски напад врз нивниот шатор“, без да даде детали.

Каналот подоцна потврди дека Ал-Шариф и Краикеа се убиени во израелски напад.

Ал Џезира рано утринава го осуди „планираниот“ атентат врз своите дописници и сниматели во Појасот Газа, нарекувајќи го „очаен обид за замолчување на гласовите пред окупацијата на Газа“.

Во соопштението на Ал Џезира исто така се истакнува: „Многу израелски армиски претставници постојано поттикнуваа и повикуваа на целење на Анас ал-Шариф и неговите колеги“, при што „окупаторската армија и нејзината влада се сметаат за одговорни за нишанењето и атентатот врз тимот“.

Канцеларијата за медиуми во Газа соопшти дека бројот на убиени новинари од почетокот на геноцидот на Израел во Газа на 7 октомври 2023 година се искачил на 237.

Покрај Ал-Шариф и Краикеа, убиени се и фоторепортерите Ибрахим Дахир и Муомин Алајва, како и асистентот на фоторепортер Мухамед Ноуфал.

„Нападот беше извршен со предумисла, со директно целење на новинарскиот шатор“, соопштија властите во Газа.

Во нападот беа повредени и други новинари.

Директорот на болницата, д-р Мухамед Абу Салмија, изјави дека бројот на жртви од нападот врз шаторот се искачил на седум, меѓу кои пет новинари.

Во меѓувреме, израелската Армија призна дека го убила Ал-Шариф, но не и другите четворица новинари.

Во својата последна порака, Ал-Шариф напиша: Ова е моја последна волја и порака. Ако овие зборови стигнат до вас, знајте дека Израел успеа да ме убие и да ми го замолчи гласот.“

„Алах знае дека го вложив сиот труд и сила што ги имав за да бидам поддршка и глас за мојот народ, уште откако ги отворив очите за животот во сокаците и улиците на бегалскиот камп Џабалија“, рече тој.

„Доживеав болка во сите нејзини форми и многу пати вкусив тага и загуба. Сепак, никогаш не се двоумев да ја пренесам вистината каква што е, без искривување, надевајќи се дека Алах ќе сведочи против оние кои молчеа, оние кои го прифатија нашето убивање, оние кои ни го задушија здивот и чии срца беа рамнодушни од расфрланите тела на нашите деца и жени и кои не го спречија масакрот на кој нашиот народ е подложен повеќе од година и пол“, додаде тој.

Израел се соочува со растечки бес и реакции во светот поради смртоносната војна што ја води во Газа, каде што од октомври 2023 година досега се убиени повеќе од 61.300 Палестинци. Воената кампања ја опустоши енклавата и ја доведе на работ на глад.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рекорден број пријавени на стрип-конкурсот „Велес 2025“

Следно

ВЛЕН: Ревизорските извештаи откриваат незаконско работење на Бујар Османи

Latest from Blog

Администрацијата на Трамп ја забрзува депортацијата на децата на мигранти

Според претставници на администрацијата и застапниците на децата, имиграциските сослушувања каде што судија одлучува дали детето може да остане во САД се префрлаат со недели или дури и месеци однапред. Ова им

Меџити за 24 Анализа: Ако ДУИ има докази за незаконски тендер во старата чаршија нека поднесе пријава

Ако ДУИ има докази за незаконски тендер во старата чаршија нека поднесе пријава. Проектот е пола милион евра и фирмата е избрана на тендер најлегитимно, порача за 24Анализа Изет Меџити, градоначалник на

Трамп го пречека кралот Чарлс во Белата куќа со црвен тепих и 21 плотун (ВИДЕО)

Кралот и кралицата беа пречекани државнички пред Белата куќа со највисоки церемонијални почести, објави Дејли меил. Американскиот лидер, за кого извори велат дека инсистирал првата дојдовна државна посета од неговиот втор мандат

Општина Прилеп со активности за разубавување на зелените површини во градот

Денеска на улицата „Прилепски бранители“, на потегот од семафорите до кружниот тек кај Здравствен дом од двете страни на улицата , се реализираше акцијата за засадување на зимзелени, украсни и грмушкести растенија.
Go toTop