Земјотрес со јачина од 6,1 степени ја потресе западна Турција

August 10, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција оваа вечер ја потресе земјотрес со јачина од 6,1 степени, известува Анадолу.

Претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАД), информираше дека епицентарот на земјотресот бил во округот Синдирги во турската област Баликесир.

Земјотресот бил на длабочина од 11 километри.

Mинистерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, изјави дека според првичните проценки, засега нема пријавени жртви, но една зграда се урнала во Синдирги.

По земјотресот со јачина од 6,1 степени по Рихтер во округот Синдирги во турската област Баликесир, се случија уште три последователни земјотреси со јачина од 4,6, 4,1 и 4 степени по Рихтер, известува Анадолу.

На веб-страницата на Претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАД), регистрирани се три потреси, со јачина од 4,6 степени по Рихтер во 20:01 часот, 4,1 во 20:04 часот и 4 во 20:06 часот, по локлано време.

Земјотресот со јачина од 4,6 степени по Рихтер се случил на длабочина од 6,78 километри, земјотресот со јачина од 4,1 степени по Рихтер на 7 километри, а земјотресот со јачина од 4 степени по Рихтер на 16,07 километри.

Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер се случи во истиот округ во 19:53 часот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Србија оствари рекордна победа против Кипар

Следно

Националниот џез оркестар со нигерискиот уметник Шеон Кути вечерва на „Охридско лето“

Latest from Blog

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop